ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Францускиот амбасадор во Македонија Н.Е. Кристоф Ле Риголер во посета на Општина Велес. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговараше за тековните проекти и предизвици на општината. На средбата стана збор и за можностите за продлабочување на соработката и поголема афирмација на француската култура и јазик. Соработката со меѓународната заедница е…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек се подготвителни земјени зафати за реконструкција на влезот во село Иванковци. По завршувањето на овие работи ќе следи постилање со завршен бетонски слој. Оваа инвестиција ќе приодонесе за опстанок и развој на селото. Општина Велес континуирано вложува во рамномерен развој на општината.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструира уште една долга и фрекфентна улица во градот. Финансиските средства за изведба на градежните зафати на улицата, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.      

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ВАСИЛ ЃОРГОВ“

Ќе се реконструира улицата „Васил Ѓоргов“. Целосно ќе бидат реконструирани кривините кои водат до Којник, Мегдан, Теќе и останатите горни велешки маала. Финансиските средства за оваа фрекфентна улица, Општина Велес ги обезбеди преку Владата и Министерството за транспорт.      

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ НА ТППЕ ВЕЛЕС

Ќе се реконструира противпожарниот дом на ТППЕ Велес. Целосно ќе се реновира противпожарниот објект, помошниот објект и партер просторот со што ќе се обезбеди поголема функционалност и подготвеност за навремено извршување на работните задачи на пожарникарите. Општина Велес ги обезбеди средствата за реконструкција во соработка со Владата и Министерството за транспорт.    

СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Заедничко чествување на Свети Трифун во Младински парк. Општина Велес организира пригодна програма за одбележување на празникот, заштитникот на лозјата и виното, со одлична музика, вкусна храна и квалитетни вина. Програмата ќе започне со фолклорниот ансамбл „Вила Зора“. Потоа следуваат настапите на детскиот хор „Св.Кирил и Методиј“, Ансамбл Керамичар, „Велешка чалгија“, КУД „Коле Неделковски“, „Стакато…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛЕЗОТ НА СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Ќе се реконструира влезот на село Иванковци. Градежната фирма за изведување на зафатот е избрана а со работа ќе почне во текот на наредната недела. Овој проект е еден од петнаесетте за чија реализација Општина Велес обезбеди финансиски средства преку Владата во соработка со Министерството за транспорт.Реконструкцијата на влезот ќе придонесе за опстанок и развој…

ОСМОМАРТОВСКИ БАЗАР ВО ВЕЛЕС

По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, Општина Велес и годинава организира осмомартовски базар на ракотворби и цвеќе. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар и да наведат со што ќе учествуваат на базарот, задолжително да остават и телефон за контакт. Заедно со…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

Ќе се реконструира улицата „11 Октомври“, една од најфрекфентните улици во градот која води до повеќе станбени згради и трговски објекти. Општина Велес ги обезбеди финансиските средства за реконструкција на улицата во соработка со Владата и Министерството за транспорт. Градежните работи ќе започнат штом се создадат поволни временски услови за работа на терен.    …

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ЧАЛОШЕВО – ДОРУТОВЕЦ

Следува реконструкција на патниот правец Чалошево-Дорутовец со што ќе се реши уште еден повеќегодишен проблем на граѓаните. Средствата за реконструкција на патот Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт. Жителите од овој дел на општината повеќепати досега доставувале барање за реконструкција на патот. Градежните зафати ќе започнат штом се создадат…