БОЖИЌЕН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ СО ИВАН БОСИЉЧИЌ

Во соработка со Театар Ј.Х.К.Џинот и ОО Црвен Крст Велес, Општина Велес организира хуманитарен божиќен концерт на кој ќе настапи српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ со поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер“. Концертот ќе се одржи на 4 јануари со почеток во 20:00 часот на сцената на велешкиот театар. Цената на билетите ќе изнесува…

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

По завршувањето на подготвителните зафати, почна асфалтирањето на регионалниот пат кон населба Превалец. Во соработка со ЈП за државни патишта утрово се реализираат завршните работи за реконструкција на дел од регионалниот пат кон населба Превалец. Во тек е постилање на завршен асфалтен слој на оваа делница. Во наредниот период ќе се работи на подобрување на…

СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА СО ПОРТОКАЛОВА СВЕТЛИНА ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ НА НАСИЛСТВО

Спомен Костурницата светна во портокалова боја во знак на борбата против насилството врз жената. Деновиве додека трае кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, костурницата симболично ќе свети во портокалова боја за поддршка на секоја жена што трпи и што се бори против секаков вид на насилство. Насилството не е само приватен проблем, туку…

ОСВЕТЛЕНИ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ ГИМНАЗИЈА

Општина Велес го осветли спортските терени кај Гимназија и Хемиското училиште. Поставени се лед светилки за осветлување на трите спортски терени кои се наоѓаат во дворот на училиштата. Осветлувањето на спортските терени ќе им овозможи на сите рекреативци и љубители на спортски активности да рекреираат и во вечерните часеви, но исто така овозможува и заштита…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВОГОДИШЕН БАЗАР

Општина Велес и годинава ќе организира Новогодишен базар на ракотворби. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Правните лица со барањето треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта. Рокот за пријавување за учество во…

В.Д. АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес беше в.д. Амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговарало за Пакетот за проширување од страна на Ецвропската Комисија како и за Извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година. Тема на разговор биле и реалните состојби и очекувањата како и за…

ПАРКИНГОТ КАЈ НОВОИЗГРАДЕНИОТ КЕЈ НА ВАРДАР Е ГОТОВ

Завршија градежните работи на паркинг просторот на новоизградениот кеј на реката Вардар. Паркингот го доби својот лик. Тој е одбележан и хортикултурно уреден а во наредните денови ќе бида ставен и во функција. Со ова решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот додека не се изгради подземната катна гаража.  

СЕ ИСЧИСТИ ДЕЛ ОД КОРИТОТО НА ОТОВИЧКА РЕКА

Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река. Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ Лисиче кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток…

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА „ПОТОКОТ“

Службите на ЈКП Дервен започнаа со неколкудневно темелно чистење на „Потокот“. Ќе се скастри обраснатото зеленило и со помош на механизација ќе се собира комуналниот отпад. Општина Велес со апел до локалното население да се грижи за хигиената со цел да се создаде и одржува чиста и здрава животна средина.  

ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОДДРШКА ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ

Општина Велес ќе ја исплати еднократната парична поддршка за сите запишани првачиња во учебната 2025/2026. На сметките на родителите односно старателите на децата, по тој основ,  ќе бидат исплатени вкупно 1.363.320 денари. По завршувањето на изборниот процес и прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка и обработка со што започнува исплатата…