И ГОДИНАВА ВЕЛЕС ЌЕ ТРЧА ЗА РАЦИН

„Трчаме за Рацин“ и годинава ќе се одржи атлетската трка на 5 и 10 километри во чест на бесмртниот Рацин. Во тек се подготовките за трката од страна на организаторот Здружението АК Борец. Освен за возрасните, детска трка ќе биде организирана и за најмалите на Велес. Од оваа година трката е дел и од Македонската…

ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ И СМРТ НА БРАЌАТА АНДРЕЈА И КОНСТАНТИН ПЕТКОВИЧ ОД БАШИНО СЕЛО

Годинава се одбележуваат 188 години од раѓањето и 128 години од смртта на браќата Андреја и Константин Петкович. Браќата се родени во Башино Село и во стручните кругови важат за втори близнаци во македонската книжевност од 19 век, после струшките браќа Константин и Димитар Миладинови. Двајцата браќа уште како млади заминале во Одеса, Русија каде…

ВЕЛЕС И ГОДИНАВА ЦЕНТАР НА МОТО КУЛТУРАТА

Велес и годинава ќе биде центар на мото културата во Македонија. Бројни забавни и едукативни настани ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Moto beach party“ на која ќе учествуваат над 1000 мотоциклисти од земјава и од странство. Мото забавата ќе се одржи на 16 и 17 мај на велешко езеро „Младост“, во организација на Здружението…

РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и заменик министерот Ерџан Селими денеска во работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за тековната проблематика во врска со работењето на локалната самоуправа, како и за континуираната институционална соработка во изминатиот период. Средбата продолжи со претставници од Советот на Општина Велес и…

НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО БАШИНО СЕЛО, СОЈАКЛАРИ И ОТОВИЦА

Продолжува промената на мрежата на улично осветлување во руралните средини. Во селата Сојаклари, Отовица и Башино Село старото  се заменува со ново улично осветлување, а истовремено се отстрануваат и дефектите во мрежата во овие три населени места, со што уличното осветлување ќе биде целосно функционално.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА СОУ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“

Се реконструира фасадата на училишната зграда на ОСУ „Јовче Тесличков“. Реконструкцијата се врши со поставување на термоизолациони панели со што значително ќе се подобрат условите за учење и ќе се постигне поголема енергетска ефикасност. Општина Велес континуирано инвестира во образованието за просперитетна иднина.  

ИВАНКОВЦИ, МАМУТЧЕВО И КУМАРИНО СО НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Ново улично осветлување има во селата Иванковци, Мамутчево и Кумарино. Изминатиот период се работеше на промена на мрежата на улично осветлување на овие три села. Во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно заменување на старото со ново улично осветлување како и со отстранување на дефектите во мрежата со што новото улично осветлување ќе…

НОВ СПОРТСКИ ТЕРЕН ВО БУЗАЛКОВО

Спортскиот терен во село Бузалково е во завршна фаза. Жителите на ова село ќе добијат ново кошаркарско игралиште, изведено со современа подлога, а во наредниот период ќе се изврши боење и бележење, по што ќе биде подготвено за спорт и рекреација. Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот кои истовремено се инвестиции во здравјето на…

СТАРТУВА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

На светскиот ден на театарот, 27 март, во Велес започнува четвртото издание на театарскиот фестивал 5ре, посветен на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко. Фестивалот ќе стартува со претставата „Госпоѓа Министерка“ во продукција на театар „Ј.Х.К. Џинот“ а во режија на Синиша Ефтимов, со која актерката Зорица Панчиќ одбележа 30 години кариера во велешки театар.…

ПРОДОЛЖУВА ПРОМЕНАТА НА УЛИЧНИТЕ СВЕТИЛКИ

Континуирано се врши промена на мрежата на уличното осветлување во Велес. Екипите на Македонски телеком активно работата на терен, каде во тек е промена на украсните канделабри на мостот „Гемиџии“ и во паркот кај ООУ  „Васил Главинов“.  Активностите ќе продолжат и во наредните денови согласно предвидената динамика за промена на целокупното улично осветлување во градот.…