117 ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Во семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев, во далечната 1908 година, на денешен ден, се родил Коста Солев Рацин, кој уште од најрана возраст  го осетил сиромашниот живот па морал да учи и да работи во грнчарската работилница на неговиот татко. Но и покрај тешкиот живот, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се…

3 ДЕКЕМВРИ,МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

„Градење на инклузивни општества за унапредување на социјалниот напредок“ е мотото под кое годинава се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.  Ден што потсетува дека  овие граѓани сé уште се соочуваат со бариери во нивниот секојдневен живот, сé уште наидуваат на пречки на патот кон остварување на своите соништа. Крајно неопходна е…

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГАНЧО ХАЏИ ПАНЗОВ

Општина Велес ја одбележува годишнината од смртта на македонскиот револуционер и поет Ганчо Хаџи Панзов. На денешен ден се навршуваат 89 години од загинувањето на овој борец кој бил учесник во Шпанската граѓанска војна. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Поради исклучувањето од велешката…

ЧЕСТИТ ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА 23 ОКТОМВРИ

Општина Велес упатува честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. На овој историски датум се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење кои водени од праведни идеали и принципи ја започнаа борбата за слободна и самостојна држава. Се поклонуваме на сите знајни и незнајни борци кои без никаква помош од надвор, храбро…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 СЕПТЕМВРИ

Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, денеска се одбележа независноста на Република Македонија, 8 Септември. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува честитки до сите граѓани по повод независноста на Република Македонија. На 8 Септември годинава се одбележува 34 годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија. На овој светол датум го славиме раѓањето на една нова ера од битисувањето на македонскиот народ кој со векови се борел со единствена мисла, слободна и самостојна држава.…

142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПАНКО БРАШНАРОВ

На денешен ден се навршуваат 142 години од раѓањето на народниот учител и учесник во двата Илиндена Панко Брашнаров. Овој датум нека остане потсетник на сите генерации за животот и делото на непоколебливиот борец за националните идеали. Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Учесник е во најзначајните историски моменти во борбата на…

ЧЕСТИТ 1 МАЈ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ

По повод 1 Мај, Меѓународен ден на трудот, Општина Велес упатува честитки до сите работници во земјава и ширум светот посакувајќи им успешна работа, напредување во кариерата и вреднување на нивниот труд. Овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците затоа што тие се најважната алка во сите економски,…

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Општина Велес упатува честитка до сите верници од православна вероисповед и им посакува радост, благосостојба и духовен мир. Нека овој светол празник ни го покаже вистинскиот пат, пат на разумот, мудроста и човечноста.  Христовото восресение нека го осветли патот на животот, а неговата бесконечна љубов ги исполни нашите срца…

8 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

Општина Велес упатува честитки до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Ромите со својата посебност, култура и обичаи се важен и нераскинлив сегмент на македонското општество, но истовремено и заедница со проблеми и предизвици во секој аспект од општественото живеење. Унапредувањето на правата на Ромите е предизвики на Општина…