Велес домаќин на пливачкиот маратон

Во сабота, 12 септември, Велес ќе биде домаќин на седмиот традиционален  пливачки маратон на езерото Младост како финална трка во националниот куп во далечинско пливање, соопшти денеска  градоначалникот Аце Коцевски. „Со почитување на протоколите за заштита, во интерес на континуираниот развој на спортот и годинава ќе го организираме традиционалниот велешки пливачки маратон на езерото Младост.За…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 27 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција ја пренесе оценката од Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување во врска со ситуацијата со Ковид-19 во Општина Велес, која е оценета како стабилна, но истовремено потенцираше дека велешани треба да бидат внимателни поради враќањето на сограѓаните од годишните одмори во Струга, Охрид, Албанија и други места и…

КОЦЕВСКИ ЗА СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 14 АВГУСТ 2020

Од вкупниот број на активни случаи, пет се наоѓаат на болничко лекување на инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница, Велес, а 23 лица се на домашно лекување. Од почетокот на месец август до денес забележани се 19 нови позитивни случаи, 11 оздравени лица, а нема починати. Градоначалникот Коцевски ги пренесе и останатите информации од дваесет…

КОЦЕВСКИ ЗА САНИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО

На денешната прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски ја извести јавноста за актуелната состојба настаната по поплавите од поројните дождови кои зафатија делови од Општина Велес во текот на минатиот викенд. „Ова е најголемата поплава што ја погодила Општина Велес, по онаа од 1974 година”, истакна Коцевски. Припадници на Територјалната противпожарна единица – Велес (ТППЕ), екипи…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 24 ЈУЛИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски ги пренесе информациите од одржаната дваесет и прва седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување и извести дека поради раноодржаната седница утрово неофицијалните информации говорат дека денес во Велес и велешко нема регистрирано нови позитивни случаи на Ковид-19, а четири од заболените оздравеле. Воедно, Коцевски ја пренесе и…

СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 3 ЈУЛИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста за најновата епидемиолошка состојба поврзана со Ковид-19 во градот и околината, како и за заклучоците од деветнаесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Во Велес и велешко до денес има вкупно 189 заболени лица, излечени се 136, активни 40 и…

МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО

Денешната осумнаесетта седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување беше поделена на два дела, информираше градоначлникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференциЈа, надополнувајќи дека во првиот дел се разговараше за состојбите со Ковид-19, а во вториот, за оперативниот план за заштита од пожари на отворен простор на подрачјето на Општина Велес…

Уште многу работа за АД „Благој Ѓорев“ за добивање на еколошка дозвола

АД „Благој Ѓорев“ нема доставено основен проект. Оваа информација денеска на прес -конференција со факти ја потврди Билјана Шуркова-Манаскова, раководител на одделението за животна средина во Општина Велес. Како што нагласи Шуркова,  таа стапила директно во контакт со компанијата која работи на основниот проект од каде е известена дека  проектот сеуште е во работна фаза…

МЛАДИОТ ХРИСТИЈАН АНДОВСКИ – ВИЦЕШАМПИОН НА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ

Информацијата за постигнатиот успех на младиот велешанец, Христијан Андовски, ученик во ССОУ  „Коле Неделковски“ на годинешното издание на европското финале на Европскиот квиз на парите и освојувањето на вицешампионското место ја објави и поздрави градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. На Европскиот квиз на парите оваа година учествуваа 500 000 учесници од 28 европски држави.…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО, 26 ЈУНИ 2020

Информациите од денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за регистрирани два нови позитивни случаи во Велес и велешко и две оздравени лица ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција. Вкупната бројка на заболени во Велес и велешко изнесува 173 лица, од нив 131 се оздравени, 12 починати и 30 активни.…