Марјанчо Николов

Советник

БЕЗБЕДНО КАПЕЊЕ И PUMP TRACK ПОЛИГОН ВО ВЕЛЕС

За безбедноста на капачите во водите на езерото „Младост” во текот на наредната капачка сезона ќе се грижат членовите на Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител” од Велес. Искусните и сертифицирани спасители, со своето национално и меѓународно искуство ќе обезбедат професионална служба за безбедност на вода на езерото „Младост” во летната сезона…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО СЕЛО ОТОВИЦА

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека денес, понеделник, 21 септември 2020 година започна со изведување на градежни активности на патот кон село Отовица, односно на потегот од исклучувањето од регионалниот пат кој води кон село Отовица. Градежните работи кои ќе овозможат подобри услови на пристапниот пат во селото се изведуваат од десната страна на…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 21 СЕПТЕМВРИ 2020

Триесет и двајца новозаболени од Ковид-19 во последнте 12 денови се регистрирани во Велес и велешко, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Вкупно потврдени случаи инфицирани со Ковид-19 се 309, додека пак 258 лица се оздравени. Триесет и шест се активни, од нив дванаесет се згрижени на Инфективното одделение во…

ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ ДОБИТНИК НА РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2020 ГОДИНА

На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби” ги соопшти одлуките за доделување на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2020 година. Оваа година, жири комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година во состав академик…

УРБАНИ И OFF ROAD ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО ВЕЛЕС

Користењето на велосипедот како алтернативно презвозно средство, предизвиците во градскиот сообраќај и сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот, беа во фокусот на јавната дебата која вечерва се одржа во дворот на Општина Велес. Претставници на здруженијата на граѓани од градот, на јавните институции, на приватните компании и на општинската администрација разговараа и споделуваа мислења…

„КИДИКАЛ МАС” – ПОТТИК ЗА ПОЧЕСТО КОРИСТЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИТЕ

Во Младинскиот парк во Велес, денес беше организирано рекреативно возење со велосипеди.   Мотото на настанот е „Кидикал мас” (Kidical Mass), односно возење велосипед со цел охрабрување и поттикнување на најмладите, но и сите членови на семејствата да користат велосипеди за превоз, рекреација и забава.   Настанот го организираше тим од Општина Велес во соработка со…

Оглас за доделување стипендии на деца со попреченост

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот, кој е финансиран од Европската Унија и трае од 1.09.2020 до 31.08.2023, има за…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Од 16 до 22 септември 2020 година, Општина Велес ја одбележува Европската недела на мобилност преку реализација на повеќе настани и активности кои ги подготви тим од општината. Овогодинешната тема на Европската недела на мобилност е „Подвижност со нулта емисија за сите”. Темата се однесува на амбициозните цели на јаглерод-неутрален европски континент до 2050 година.…

ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција ја извести јавноста за реализирањето на дел од градежните работи во општината:   Во тек е бетонрање на улицата „Богдан Прличков”. Вредноста на инвестицијата е 2.486.260 со вклучен ДДВ; Започнати се градежни работи во новата кино сала „Бели Мугри”; Се врши отстранување на објектот на…