ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ОД СОВЕТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната седница на Советот за јавно здравје на Oпштина Велес, во присуство на Др.Анастасија Ивановска, Др.Ненад Коциќ, Др.Катица Николова, Драги Ртовски и Габриела Трајковска, на која беа поканети и претставници од ЈЗУ Општа болница (Др.Божидар Бојаџиев и Др.Силвана Мишкова) и од ЈЗУ Центар за јавно здравје (Др.Билјана Трајкова), беше презентирана актуелната ситуација и насоки…

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ВЕЛЕС

При денешната посета на градскиот стадион „Зоран Паунов” во Велес, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го најавија почетокот на градежните работи за реконструкција на стадионот. Во името на Советот на Општина Велес, спортските работници,  на ЖФК „Борец“ и ФК „Борец” и сите граѓани, градоначалникот…

СТАРТУВА ИПА 2020 – НОВА ЕУ ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ

Денес во Општина Велес беше презентирана новата  Програма  на ЕУ за подготвителни активности за ИПА 2020 – Програма за поддршка на општините. Програмата ја презентираа Клаус Рихтер, тим лидер на проектот и Бардил Марку, клучен експерт за обука. На средбата со градоначалникот Аце Коцевски што ѝ претходеше на јавната презентација, Рихтер и Марку ги образложија…

Утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во предвремените парламентарни избори во 2020 година

Врз основа на член 78 од Изборен законик (“Службен весник на РМ”бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 42/20) и член 50, став 1, точка 16 од…

16 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

По повод 16-годишнината од трагичниот настан што се случи на 26 февруари 2004 година, кога во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина загинаа претседателот Борис Трајковски и осум членови на екипажот, меѓу кои и велешанката Анита Кришан Лозаноска, денес делегации на Општина Велес и од кабинетот на претседателот Пендаровски, положија…

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ФУНКЦИЈА НА БРЗИ И КВАЛИТЕТНИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Во просториите на Општина Велес, денес се одржа шестата по ред од серијата јавни трибини за дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија. Пред претставниците на невладиниот сектор, јавните институции и бизнис секторот од градот, на темата говореше Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација. Манчевски го истакна значењето на националниот портал за…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото наречено „Цуцка”, во близина на манастирите Св.…

„МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА” СО ДОНАЦИЈА ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

Компанијата „Маркарт Македонија” ДООЕЛ, денес донираше осум пара професионални чизми и ракаваци, за вработените во Територијалната противпожарна единица од Велес, во вредност од 158.800,00 денари. Командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски изрази благодарност за донацијата и надеж за продлабочување на соработката. Во име на Советот на Општина Велес и граѓаните, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски,…

НУТРИЦИОНИЗМОТ И МЛАДИТЕ ВЕЛЕШАНИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со професорите Суада Кариќ и Невенко Ценегиќ од средното училиште за нутриционизам и земјоделие од Сараево, Босна и Херцеговина и Драган Јованов, Советник за животна средина и просторно планирање на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија. На средбата на која присуствуваше и Сашко Чоков,…

ОПШТИНА ВЕЛЕС РАБОТИ ЗАКОНСКИ

„За разлика од моите претходници, јас одлучив да работам законски и да ја ослободам Општина Велес од наследените долгови” потенцираше градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција.  Истовремено, Коцевски истакна дека „ОК на ВМРО ДПМНЕ поради желбата по секоја цена да се дојде до политички поени кај симпатизерите и поддржувачите, преку ширење…