ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ 28 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува искрена и срдечна честитка до сите припадници на бошњачката заедница по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, 28 Септември. Бошњачката заедница со сета своја културна, јазична и религиска различност го збогатува македонското мултиетничко општество и дава значаен придонес во општественоиот развој на секое поле. Општина Велес продолжува со негување на традицијата на градење…

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),             Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  21.09.2023 година  донесе   Одлука за неспроведување на…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со организирана рекреативна пешачка и велосипедска тура (off road патека) до врвот „Вршник” во Велес, беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили, 22 септември 2023 година На настанот, кој беше од отворен карактер, сите заинтересирани жители на Општина Велес, вљубеници во пешачењето и планинарењето, ученици од општинските средни училишта, Здруженија на граѓани, но и претставници на…

ПРЕДАДЕНИ ДОНАЦИИТЕ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со примопредавање на донации од пилатес топки со соодветни подлоги за вежбање, велосипеди за деца, топки за разни спортови, спортски реквизити, маички, освежителни пијалоци и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2023. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро”…

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА „ЗАЕДНО ЗА ПОДОБРО УТРЕ”, ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност во Општина Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес се одржа панел дискусија со претставници на јавни институции, лица со попреченост и Здруженија на граѓани. Панел дискусијата насловена „Заедно за подобро утре” како дел од овогодинешните активности за одбележување на Европската недела на мобилност, Општина…

МЛАДИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023, денес во ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес се одржа едукативна работилница на тема „Безбеден сообраќај, безбедни велосипедисти, безбедни пешаци” со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален…

ШПАНСКИОТ АМБАСАДОР, ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Со донација на пилатес топки, амбасадата на Кралството Шпанија се приклучи кон поддршката на Општина Велес како дел од многубројните активности за одбележување на Европската недела на мобилност 2023. Неговата екселенција, амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија денес оствари работна средба со Градоначалникот Марко Колев, а потоа во ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”…

ВОЗИМЕ НИЗ ВЕЛЕС

Членовите на ЗГ „Велес бајкинг” од Велес и останати љубители на велосипедизмот, вчера во попладневните часови, а во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ 2023), со возење велосипед по карактеристичните велешки улици и сокаци, маалските плоштади на Којник и Јурија, ги посетија Спомен-куќите на познатите великани Кочо Рацин и Васил Главинов,…