ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек се подготвителни земјени работи за реконструкција на една улица во село Иванковци. По завршувањето на земјените работи и подготвувањето на теренот, улицата ќе биде асфалтирана. Инвестициите во руралните средини остануваат приоритет во работењето за рамномерен развој на општината.  

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО МАМУТЧЕВО

Во тек се градежни зафати за реконструкција на улица во село Мамутчево. Се прават последните подготовки за поставување на завршен слој од бетон. Општина Велес продолжува со инвестирање во руралните средини за рамномерен развој на општината.  

РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО РАШТАНИ И ВО ПРЕВАЛЕЦ

Во текот на вчерашниот ден завршија градежните зафати за реконструкција на краци од улици во населбата Превалец и во село Раштани. Дел од улиците се послаа со завршен слој бетон. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности и инфраструктурни зафати за рамномерен развој.  

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА ВО РАШТАНИ

Започна реконструкцијата на уште една улица во село Раштани. Градежната механизација ги почна активностите на терен, во тек се подготвителни земјени работи на улицата во ова населено место, по што следува поставување на завршен слој асфалт. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности за рамномерен развој.  

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА ВО КАРАСЛАРИ

Се реконструкција уште една улица во село Караслари. Во тек се градежни зафати за поставување на завршен слој асфалт на улица во должина од 255 метри. Реконструкцијата на улицата се изведува во соработка помеѓу Општина Велес и месното население. Општина Велес ги изведе сите земјени работи за ископ, нивелирање и тампонирање на улицата со што…

РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА Е ИЗГРАДЕН, СО РАБОТА ЌЕ ПОЧНЕ ПО ИЗБОРИТЕ

Заврши изградбата на Регионалниот ценатр за згрижување на бездомни кучиња во Кавадарци. Градоначалникот Марко Колев заедно со Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалниците на останатите општини на Вардарски регион го означија крајот на градежните работи за изградба и уредување  на стационарот. Во новоизградениот центар ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите…

ВО ЗАВРШНА ФАЗА ИЗГРАДБАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА БЕЗДОМНИ МИЛЕНИЦИ

Изградбата на Регионалниот центар за зггрижување на бездомни миленици во Кавадарци е во завршна фаза. Во тек е партерно уредување на објектот кој се простира на поврина од 5470 метри квадратни и ќе функционира со поддршка од општините Свети Николе, Чашка, Велес, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Со ставањето во функција на овој…

ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ!

Изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на објектот на поранешната народна кујна, кој е предвиден за Иновациски Хаб за млади таленти од ИТ секторот. Овој Хаб ќе биде уште едно одлично место за развој на нивните вештини . Дополнително, во село Оризари е завршена и втората линија од фекалната канализациона мрежа која ја работевме…

РАЗВОЈОТ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ Е НЕОПХОДЕН ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА!

Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во с.Мамутчево, во должина од 750 метри. Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ – ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР

Денеска започна изградбата на најзначајниот капитален проект за Велес и велешани во последните три децении, новиот Градски пазар. На денешниот свечен настан по повод отпочнувањето на изградбата, во организација на Општина Велес, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , вицепремиерите Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој…