УНИКАТНИ РАКОТВОРБИ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Уникатни рачни изработки и украси што го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден се изложени на тезгите во Младински парк, изработени од вештите раце на велешките ракотворци. Ним денеска им се придружија и учениците од училиштата и градинката „Димче Мирчев“, кои со своите рачно изработени предмети и украси ги привлекоа граѓаните да си купат уникатен производ…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ДЕЛ ОД НАЈГОЛЕМАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24“

Општина Велес и годинава ќе учествува на најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24, што по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај. Еколошката акција во Велес ќе се одржи на 17 мај со чистење на локација на езеро Младост. Во акцијата ќе учествуваат вработени во општинската администрација, ЈКП Дервен,…

122 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА УЧИТЕЛОТ ПЕТАР МИХОВ

По повод 122 годишнината од смрттта на учителот и револуционер Петар Михов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на учителот во црквата Св. Спас. Петар Михов е учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО. Во април 1902 година е однесен во скопскиот затвор…

РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО РАШТАНИ И ВО ПРЕВАЛЕЦ

Во текот на вчерашниот ден завршија градежните зафати за реконструкција на краци од улици во населбата Превалец и во село Раштани. Дел од улиците се послаа со завршен слој бетон. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности и инфраструктурни зафати за рамномерен развој.  

СЕ УРЕДУВААТ УЛИЦИТЕ ОКОЛУ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Продолжуваат градежните активности во Велес. Со стабилизирање на временските услови градежната механизација е активна на терен. Се довршуваат улиците во близина на Градскиот пазар. До крајот на оваа седмица се очекува да се санираат оштетените делови и да се постави втор асфалтен слој на улицата „Кресненско востание“ додека на улицата „Петре Прличко“ е прдвидено да…

82 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВПО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ И 80 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПО „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“

Денеска се навршуваат 82 години од формирањето на велешкиот партизански одред  „Димитар Влахов“ и 80 години од формирањето на партизанскиот одред  „Трајче Петкановски“. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на загинатите борци во Спомен Костурницата. Вечна слава  и благодарност на сите што го положија животот за Македонија.  

РАКОМЕТНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК СО НОВИ ТРИБИНИ

Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој терен ќе биде подготвен за љубителите на спортот но и за сите посетители на паркот. Општина Велес продолжува со инвестирање во спортот во градот.  

НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Почнаа градежните работи на терен за подготовка  на просторот предвиден за ново детско катче во Башино село. Со проектот е предвидено да се уреди мултифункционално детско катче со детски рекквизити и елементи како и зелени оази за целосно уживање на најмалите и возрасните. Општина Велес продолжува посветено со реализација на проектни активности во сите делови…