ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПОДГОТВЕНИ ГО ДОЧЕКУВААТ ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за преземените активности на образовните институции од Велес во врска со почетокот на учебната 2020/2021 година. Активностите поврзани со националната платформа за учење од далечина, која ја планира, организира и спроведува Министерството за образование и наука и која е составена од три…

АКТИВНО РАБОТАТ ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ВЕЛЕС

Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски. Општата болницата во Велес работи со измена во протоколите поради зголеменото пријавување и закажување прегледи со „Мој…

Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1 КО Оризари-вон град, Општина Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други…

Состојба со Ковид-19 во Велес, 15 септември 2020 година

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко за последниве 24 часа. Едно лице е позитивно и потврдено од лабораторијата на МАНУ, едно лице кое било на домашно лекување…

Јавен оглас бр.01/2020 за прием на работници  во работен однос на неопределено време во општинската администрација  на  Општината Велес

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20), член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/2005….. 120/2018 и „Сл.весник на РСМ бр. 110/19), Градоначалникот на Општина Велес објавува Ј А…

СЕ ЗГОЛЕМУВА КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ГРАДОТ

Општина Велес ја известува јавноста дека започна со отстранување на објектот на поранешниот АТД Диспанзер за белодробни заболувања – Велес на улица „Наум Наумовски Борче” кој е надвор од употреба. Парцелата на која се наоѓа зградата на Диспанзерот се адаптира во привремен паркинг простор, при што Велес ќе добие нов простор за паркирање за 100тина…

ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ВЕЛЕС

Денеска во просториите на ООУ „Блаже Конески” на јавна презентација беше претставена нова визија за долгорочен развој на дел од Општина Велес. Урбанистичката студија за развојниот период 2020 – 2035 година се однесува на просторот на касарната „Алексо Демниевски Бауман”, западно од железничката пруга, каде значаен процент од просторот зафаќаат градби наменети за незагадувачка лесна…

Велес домаќин на пливачкиот маратон

Во сабота, 12 септември, Велес ќе биде домаќин на седмиот традиционален  пливачки маратон на езерото Младост како финална трка во националниот куп во далечинско пливање, соопшти денеска  градоначалникот Аце Коцевски. „Со почитување на протоколите за заштита, во интерес на континуираниот развој на спортот и годинава ќе го организираме традиционалниот велешки пливачки маратон на езерото Младост.За…

ОДБЕЛЕЖАН 8 СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Годинава во посебни услови, согласно протоколот за одбележување државни празници на комисијата за заштита од заразни болести, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи, обезбедена дистанца и соодветна заштита беше одбележана 29-годишнината од македонската независност. За историското значење на 8 Септември, пред присутните претставници на Општина Велес, Сојузот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека поради отстранување на дефект на канализациона линија на улица „Љубљанска”, почнувајќи од утре 8 септември 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни зафати. Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила,…