ПРОМОВИРАНО ИНКЛУЗИВНОТО ИГРАЛИШТЕ „ПАРК НА СРЦАТА” НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Со музички хепенинг на R’n’B Neighbours и ДНК, денес на езеро Младост беше промовирано инклузивното игралиште „Парк на срцата“. Игралиштето е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализира Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е…

„Музички бисери“, Концерт на ученици од ООМУ „Стефан Гајдов”

Учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ одржаа концерт во салата „Бели Мугри“. Концертот на класична музика е со наслов „Музички бисери“ и со него го одбележаа јубилејот 75 години од постоењето на музичкото училиште и неговата педагошка дејност. Во досегашнато работење на училиштето излегле плејада на музички дејци како композитори и инструменталисти кои концертираат ширум светот…

„СТАРОГРАДСКА КЛАСИКА“, КОНЦЕРТ НА ТРИО „ОКАРИНА”

Членовите на музичкото трио „Окарина“, проф. Веселинка Маџарова, м-р Илија Настовски и м-р Трајче Малинов одржаа концерт на староградски песни во салата „Бели Мугри“. Успешното творење на триото беше презентирано преку изведби на композиции од Сашо Ливрински и Томислав Зографски како и обработки на Трио „Окарина”на вечерашниот концерт насловен „Староградска класика“, кој е во рамки…

ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕС ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ВО ВЕЛЕС, СОСТОЈБА СО КОВИД-19

Според информациите од ЈЗУ Здравен дом, од започнувањето на вакцинацијата во Велес, вкупно се аплицирани околу 28 000 дози од сите типови на вакцини, од кои со прва доза се вакцинирани околу 16 250 граѓани, а со втора доза 11 750 граѓани, информираше на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. „Зголемен е интересот на граѓаните за…

СРЕДСТВАТА ЗА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ ЌЕ СЕ ИСПЛАТАТ ПО ИЗБОРИТЕ

На 5 август 2021 година истече рокот за поднесување документација за добивање сончеви термални колектори и за велосипеди, извести градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „За сончеви термални колектори се поднесени 43 барања, а за велосипеди, 93. Во периодот што следи комисиите ќе одлучат по поднесените барања, а средтвата на граѓаните ќе им се исплатат…

КОЦЕВСКИ СО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА НЕРЕДОВНОТО СОБИРАЊЕ НА ОТПАДОТ

Во свое лично име и во име на ЈКП „Дервен”, градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција, изрази длабоко извинување и жалење за нередовното собирање на отпадот и празнење на контејнерите за отпад на домакинствата и правните субјекти и за настанатиот пожар на депонијата за цврст комунален отпад, што доведува до загадување на животната средина со…

ГРАДСКИ ПАЗАР II ФАЗА

На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес ги пренесе информациите во врска со градежните работи на Градскиот пазар во Велес. Договорот за горниот дел за Градскиот пазар е во вредност од 34.696 686 денари. Изведувач на работите е Друштво за градежништво трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО СКОПЈЕ. Утре, 14 август 2021 година започнува…

ОПШТИНА ВЕЛЕС СО НАЈДОБРИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД 2000 ГОДИНА

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски даде извештај пред јавноста за сработеното во првите шест месеци од оваа година. „Ќе користам споредбени показатели со изборната 2017 година, но и со претходни години”, истакна Коцевски. Во првите шест месеци од 2021 година реазлизирани се вкупно 382.911.015 денари прихорди, а за споредба, во 2017 година биле остварени…

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „РЕКЛАМАТА КАКО ТЕКСТ“ ОД СНЕЖАНА ПЕТРОВА ЏАМБАЗОВА

Во локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, во рамки на „Велешко лето 2021“ се одржа промоција на книгата „Рекламата како текст“ од проф. д-р Снежана Петрова-Џамбазова. Книгата е докторска дисертација на Петрова-Џамбазова, излезена од печат во 2019 година и претставува осврт на јазичните особености на телевизиската реклама. Авторката ги разгледува рекламните пораки емитувани на телевизиските медиуми…

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА АТАНАС КРЛЕВСКИ ВО РАМКИ НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021“

Изложба на аматерски фотографии од авторот Атанас Крлевски, насловена како „Велес од мојот објектив“ е дел од програмата на „Велешко лето 2021“. Ова е втора изложба на Крлевски на која се презентирани педесетина фотографии во ликовниот салон во Велес. Промотор на изложбата е Елица Николова, кустос-советник при ЛУ Народен музеј Велес. Покрај изложбата на фотографии…