АТЛЕТСКА ТРКА ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ НА ВЕЛЕС, 9 НОЕМВРИ

Како дел од одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември, викендов се одржа атлетска трка „Велес трча“ во Градскиот парк. Трката ја завршија 264 учесници кои се натпреваруваа во две трки  на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција. На патеката од 10 километри, најдобра меѓу жените беше Фросина Михајловска која патеката ја…

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ПОЕТСКИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ НА 56 ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Над 100 ученици од сите краишта на Македонија добија награди за најдобри поетски и ликовни творби кои учествуваа на конкурсот на Општина Велес на тема „Да му го земеш јазикот на народот – тоа значи да му ја земеш душата“ Рацин. Наградени беа и учениците кои се пријавија на натпреварот во ораторство на истата тема.…

56 ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Кочо Рацин пред Гимназијата што го носи неговот име, во центарот на градот како и пред Паметникот во Спомен костурницата, од страна на делегација на Општина Велес и делегации на јавни институции, денеска започнаа 56 Детски Рацинови средби. Децата од Градинката „Димче Мирчев“ рецитираа поезија од…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат жителите на село Сливник дека водата од водоводната мрежа не е за пиење согласно последните резултати од извршените анализи за здравствена безбедност на водата. Анализа на  примерок на вода е извршена од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес и врз основа на добиените резултати е дадено стручно мислење дека испитаниот…

79 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ВЕЛЕС ДОДЕЛЕНИ ДЕВЕТОНОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ

Велес слави 79 години слобода. На денешен ден во далечната 1944 година, велешките борци, чии имиња се длабоко врежани во колективната меморија на велешани, го покорија непријателот и ја извојуваа долго посакуваната слобода. Нивниот аманет и денес нè потсетува на нивниот непокор и жртва пред кои длабоко се поклонуваме. Општина Велес и годинава достојно го…

СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Денеска свечено беше пуштен во употреба Градскиот пазар во Велес. Граѓаните на Велес добија капитален објект во кој и пазарџиите и купувачите ќе имаат достојни и безбедни услови за работа и купување. На отворањето присуствуваа и двајцата поранешни градоначални Славчо Чадиев и Аце Коцевски кои заедно со актуелниот градоначалник Марко Колев и службеничката од одделението…

ПОЧИТ ЗА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДЕН ВЕЛЕС

Со прием на делегација на Сојузот на борци од НОВ и АФВ во кабинетот на градоначалникот Марко Колев денеска продолжи чествувањеот на најголемиот празник на Велес, 9 Ноември. На средбата се разговараше за придобивките од повоениот период и за развојот и просперитетот на градот. По повод 79 годишнината од ослободувањето на градот, делегација на Општина…

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА „100 ГОДИНИ ВЕЛЕС-ИСТОРИЈА НА ПОШТЕНСКИ КАРТИЧКИ“

Во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Велес, 9 Ноември, вчеравечер во Ликовниот салон се одржа промоција на монографијата „100 години Велес-историја на поштенски картички“. Автори на книгата се филателистите и колекционерите Виктор Габер и Зоран Стрезовски. Во монографијата се прикажани 450 поштенски картички – разгледници со кои хронолошки се презентираат историските збиднувања во…

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА “ВЕЛЕС ТРЧА 2023“

Почитувани,   Поради одржувањето на Атлетска трка “ВЕЛЕС ТРЧА 2023“, Ве известуваме дека со цел припреми и успешна реализација на настанот Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај на моторни возила, освен за возилата на итна медицинска помош, МВР и возилата на ТППЕ во периодот од недела, 12.11.2023 година со почеток од 06:00 часот се…

ОБЈАВА НА БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

                                    Градоначалникот на Општина Велес                                ОБЈАВУВА                                БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА   Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99…