„ШЕПА“ ЗАПОЧНА СО РАБОТА

Започна со работа регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни „Шепа“. Стационарот има капацитет од 67 бездомни животни кои ќе се заловуваат, третираат и повторно пуштат на улица. Објектот опфаќа ветеринарна клиника за прием, преглед, кастрација, чипирање, лекување на домашни миленици или бездомни животни. Регионалниот центар  ќе опслужува девет општини, Велес, Чашка, Лозово, Свети Николе,…

5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 година а официјализирана е на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“. На овој ден оддаваме почит на македонскиот јазик се потсетуваме на Рацин и Конески, како и на сите нивни претходници и следбеници, дејци, основоположници на писмениот,…

122 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Тој бил убиен од турската војска во селото Баница, на патот кон Сер. Гоце Делчев важи за еден од најистакнатите национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на…

КАРАСЛАРИ, ОРИЗАРИ, ЦРКВИНО И КЛУКОВЕЦ СО НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Ново улично осветлување во селата Оризари, Караслари, Црквино и Клуковец. Изминатиот период се работеше на промена на мрежата на улично осветлување во овие четири села. Во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно завршување на промената, како и за отстранување на дефектите во мрежата, со што новото улично осветлување ќе биде целосно функционално.  

И ГОДИНАВА ВЕЛЕС ЌЕ ТРЧА ЗА РАЦИН

„Трчаме за Рацин“ и годинава ќе се одржи атлетската трка на 5 и 10 километри во чест на бесмртниот Рацин. Во тек се подготовките за трката од страна на организаторот Здружението АК Борец. Освен за возрасните, детска трка ќе биде организирана и за најмалите на Велес. Од оваа година трката е дел и од Македонската…

ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕ И СМРТ НА БРАЌАТА АНДРЕЈА И КОНСТАНТИН ПЕТКОВИЧ ОД БАШИНО СЕЛО

Годинава се одбележуваат 188 години од раѓањето и 128 години од смртта на браќата Андреја и Константин Петкович. Браќата се родени во Башино Село и во стручните кругови важат за втори близнаци во македонската книжевност од 19 век, после струшките браќа Константин и Димитар Миладинови. Двајцата браќа уште како млади заминале во Одеса, Русија каде…

ВЕЛЕС И ГОДИНАВА ЦЕНТАР НА МОТО КУЛТУРАТА

Велес и годинава ќе биде центар на мото културата во Македонија. Бројни забавни и едукативни настани ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Moto beach party“ на која ќе учествуваат над 1000 мотоциклисти од земјава и од странство. Мото забавата ќе се одржи на 16 и 17 мај на велешко езеро „Младост“, во организација на Здружението…

83 ГОДИНИ ВПО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ И 81 ГОДИНА ПО „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ

Денеска се навршуваат 83 години од формирањето на Велешкиот партизански одред  „Димитар Влахов“ и 81 година од формирањето на партизанскиот одред  „Трајче Петкановски“. По сите извршени подготовки на 21 април 1942 година на планината Лисец на местото каде што е ставена спомен-плочата формиран е велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ од партиски работници кои повеќе не…

РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и заменик министерот Ерџан Селими денеска во работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за тековната проблематика во врска со работењето на локалната самоуправа, како и за континуираната институционална соработка во изминатиот период. Средбата продолжи со претставници од Советот на Општина Велес и…

НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО БАШИНО СЕЛО, СОЈАКЛАРИ И ОТОВИЦА

Продолжува промената на мрежата на улично осветлување во руралните средини. Во селата Сојаклари, Отовица и Башино Село старото  се заменува со ново улично осветлување, а истовремено се отстрануваат и дефектите во мрежата во овие три населени места, со што уличното осветлување ќе биде целосно функционално.