Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2019 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело – „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува…

По трагите на традицијата со Керамичар

Со звуците на познатите македонски песни и специфичностите на македонскиот традиционален фолклор, вечерва Културно уметничкото друштво „Керамичар” од Велес одржа втор концерт, со што ја одбележа 65-годишнината од своето постоење и успешно делување. Под името ,,Трагите на традицијата и фолкорот во нас “, во преполната спортска сала на ООУ „Блаже Конески”, велешани имаа можност да…

Промовирани нови изданија на Браево писмо

По повод 15 Октомври, Меѓународниот Ден на Белиот стап, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев” беа промовирани четири нови изданија на книги на Браево писмо за слепите и слабовидните лица кои живеат во Велес. Изданијата,,Волшебното самарче”, „Коста е наш”,„Алиса во земјата на чудата” и ,,Вујко Вања” беа промовирани од страна на Здружението на слепи лица…

Асоцијацијата „АЛМА“ со донација за ТППЕ Велес

Во рамки на официјалната програма во одбележувањето на јубилејот 40 години од отворањето на Спомен-костурницата на загинатите борци во НОВ од Велес и велешко, делегација од регионот Алзас од Република Франција денес оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Посетата на француската делегација е во организација на Асоцијацијата „Алзас – Македонија” („АЛМА”), чијшто…

Првата сензорна детска градинка во Велес

Сензорниот и моторниот развој кај децата од предучилишна возраст ќе се зајакне и стимулира со новоотворениот сензорен двор односно сензорна градина, која денес во објектот „Маргаритки” на ОЈУДГ „Димче Мирчев” во населбата „Дворови” во Велес беше официјално ставена во употреба. ,,Благодарност до вработените во детската градинка и општествено одговорните компании кои го препознаа значењето на…

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ АКТЕРСКА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. ПРАВО НА УЧЕСТВО На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани…

Бригадирско „Здраво! Здраво! Здраво!“ од Велес

Под мотото ,,Силно светнал ден” здружението ,,Акцијаши- Ветерани” од Велес денес беше домаќин на големиот Собир на поранешни акцијаши-ветерани и младинци од повеќе македонски градови но и голем број на бригадири кои допатуваа од Србија, БиХ, Хрватска и Словенија. Поводот за овој собир беше одбележувањето на 60 годишнината од формирањето на Младинската работна бригада која…

Велес го чествува 11 Октомври, денот на народното востание

Денес свечено беше одбележан 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.Свеченоста која ја организираше Општина Велес, се одржа во Спомен-костурницата, каде бројни делегации на Општина Велес, на Владата на Република Северна Македонија, Сојузот на борците од НОАВМ, Советот на Општина Велес, АРСМ, јавни институции и установи, политички партии и здруженија на граѓани…

Честит 11 Октомври, Денот на народното востание

Драги сограѓанки и сограѓани, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.Ова е празник на хероите, симбол на непокорот и слободарскиот дух кој го имале нашите правдољубиви предци во борбата за подобро утре. Велес ја има таа особена…

Фолклорна вечер со „Керамичар“

Под името ,,Фолклорот- нашата љубов” велешани имаа можност да го проследат јубилејниoт концерт на велешкиот ансамбл ,,Керамичар” кој одбележи 65 години од своето постоење. На овој музички настан настапија домаќините од ,,Керамичар” Велес, КУД ,,Јане Сандански” од Неготино, групата ,,Соната” како и гости од КУД ,,Славко Манојловиќ” од Младеновац,Србија. Во текот на утрешниот ден предвидена…