ПРАЗНИЧНА ЛИТУРГИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН

Денеска продолжи одбележувањето на празникот на патронот и заштитникот на градот Св. вмч. Пантелејмон. Во соборниот храм што го носи неговото име утрово голем број верници се поклонија пред светецот и присуствуваа на Архиерејската литургија со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвштенство митрополит Повардарски Г. Агатангел заедно со македонското православно свештенство од Повардарската епархија. На литургијата присуствуваше…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПАНКО БРАШНАР

Со положување цвеќе пред споменикот на Панко Брашнаров, Општина Велес денеска одбележа 140 години од раѓањето на народниот учител и учесник во двата Илиндена. Пред неговиот споменик, во знак на почит и благодарност, букет цвеќе положи делегација на Општина Велес. Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Учесник е во најзначајните историски моменти…

ВЕЛЕС ГО ПРАЗНУВА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК

Соборниот храм Св. Великомаченик Пантелејмон вечерва беше претесен да ги собере сите верници и гости кои присуствуваа на одбележувањето на празникот на светецот, патронот и заштитникот на градот. Чествувањето на празникот започна со вечерна богослужба со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски. Г. Агатангел заедно со македонското православно свештенство од Повардарската епархија. Празникот на градот…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ТРЕТА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 12 август…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денеска,  ( 04.08.2023 година),  започнаа  градежните работи за реконструкција на оштетени површини на дел од улицата „Прохор Пчински“  што води кон црквата „Свети Спас“. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од десетина дена. Во текот на изведувањето на градежните зафати ќе биде поставена сообраќајна сигнализација. Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација,  да…

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за…

ПОВИК ЗА ИДЕИ – СТАРТ – АП ПРОГРАМА ЗА ТУРИСТИЧКИ ИНОВАЦИИ

Дали сте готови да ги трансформирате индустриите за патување, туризам и угостителство? Тогаш ова е Вашата шанса! Центарот за развој на Вардарски плански регион објавува повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот.   Рок за аплицирање: До 20 август 2023 година на следниот линк: Форма за аплицирање за…