ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПАТОТ КОН ЕЗЕРО МЛАДОСТ!

Започна со асфалтирање и вториот километар од оваа делница на која се работеше изминатиот период, a и понатаму продолжуваат градежните зафати. Реконструкцијата на патот ќе продолжи се до предвиденото над Ресторан “Бела вода”.  

МОТО СОБИР ПОВТОРНО ВО ВЕЛЕС

По пауза од неколку години, мотоциклистите се враќаат на брегот на велешкото езеро Младост да го возобноват некогаш традиционалниот Мото собир. На 13 мај годинава, велешани повторно ќе бидат домаќини на мото собирот на кој ќе учествуваат голем број мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата  „Мото бич  парти“ ќе се реализира во организација на…

ПРЕДАВАЊЕ ЗА ВЕЛЕШКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ТЕМА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Ќе се подигнува јавната свест кај средношколците во градот за безбедноста во сообраќајот. Учениците ќе бидат дел од предавањата во организација на  Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво. Предавањата ќе ги одржи претставник на Адвокатската комора на Македонија и член на ОСПДП, Грозданчо Сутинов. Целта на предавањата е да се влијае на свеста кај…

ЕКО АКЦИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

Со еко акција Општина Велес го одбележа првиот ден од пролетта, 21 март. Отпад се собираше од дворовите на средните училишта „Гимназија Кочо Рацин“ и хемиското „Димитрија Чуповски“ и од спортските терени под економското училиште „Јовче Тесличков“ кај Железен мост. Во акцијата учествуваа градоначалникот Марко Колев, вработени во општинската администрација, претставници на Младински центар и…

ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ!

Изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на објектот на поранешната народна кујна, кој е предвиден за Иновациски Хаб за млади таленти од ИТ секторот. Овој Хаб ќе биде уште едно одлично место за развој на нивните вештини . Дополнително, во село Оризари е завршена и втората линија од фекалната канализациона мрежа која ја работевме…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

По повод годишнината од раѓањето на Васил Главинов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во дворот на основното училиште што го носи неговото име. Васил Главинов е истакнат велешки револуционер и поборник за работничките права. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на…

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА НАЈДОБРИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ЗА 2022 ГОДИНА

Во пресрет на 17 Март, Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Македонија, вчеравечер во Големата сала на Општина Велес се доделија признанијата за најдобрите крводарители за 2022 година во општините Велес, Градско и Чашка. Признание за 100 пати дарувано крв доби Јован Андреев. Признанија  добија и  Сашко Хаџи Арсов Николче Несторов, Драге…

КОНКУРС за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Меѓународна скулпторска колонија” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Меѓународна скулпторска колонија“.   Финансиските средства во висина од 400.000,00 денари за делегираната надлежност, за тековната година, се  обезбедени…