ДЕНЕСКА ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ, НА ПОТЕГОТ ОД ТЕАТАРОТ ДО ПОШТА

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека ќе се реконструира тротоарот од левата страна на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од Театарот до Пошта. Градежните работи ќе започнат денеска. Прво ќе се крши, асфалтот, ќе се товари и транспортира до одредена дестинација, потоа ќе се вадат корења од дрвја за да се подготви површината за…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека поради отстранување на дефект на канализациона линија на улица „Љубљанска”, почнувајќи од утре 8 септември 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни зафати. Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила,…

УРЕДЕНА И ПРИСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

ел од крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост” од денес е целосно достапен за користење и за лицата со попреченост. Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне…

НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ВО РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес направија увид на градежните работи со кои населените места Раштани и Бузалково добиваат нов водоснабдителен систем. „Овој проект го договаравме со градоначалникот Коцевски претходно и денес на наше обострано задоволство присутни сме на неговата реализција. Како министерство се заложивме и работиме…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „КРСТЕ МИСИРКОВ”

Со средства на ЈКП „Дервен” во тек е замена на старата азбестцементна цевка на водоводната линија на улица „Крсте Мисирков”, во должина од 150 метри, со нова полиетиленска цевка (со пресек од 160 мм). Со ова ќе се обезбеди безбедна и квалитетна вода за пиење. По завршување на реконструкцијата на водоводната линија, Општина Велес ќе…

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО ГРАДОТ И ОКОЛИНАТА

„Известен сум од Министрество за транспорт и врски дека на јавниот повик за најповолен изведувач за изградба на водоводниот систем за селата Бузалково и Раштани кои треба да бидат приклучени кон градската водоводна мрежа се јавиле осум компании. Во тек е еваулацијата на понудите и се надевам дека ќе биде извршен избор на најповолен изведувач…

Нови диви депонии покрај езерото Младост

На езерото Младост од страната на Отовичка плажа беа откриени нови диви депонии. ЈКП „Дервен“ само во текот на оваа недела  отстрани 8 м3 габаритен отпад од страната на Отовичка плажа и 7 м3 градежен шут на излетничкиот простор над езерото. Во викенд за едно деноноќие од јавните површини се собира по еден полн трактор…

ВО ТЕК ДВАЕСЕТИНА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

Градоначалникот Коцевски денеска информираше за тековните инфраструктурни проекти во Велес. Интензивно се работи на санација на карпата во месноста „Цуцка“, се работи на проектот СМАРТ езеро Младост финансиран од ЕУ , во кој се уредува еко- кампот и паркот на авантури, се работи на пешачката патека и наскоро се очекува да биде асфалтиран и патот…

Сугарески од Велес: Силна динамика на капиталните инвестиции

При денешната посета на локацијата на која се одвиваат работите за санација на карпата „Цуцка“, министерот Сугарески ја информираше јавноста за тековните и претстојните капитални проекти.  „Ние се посилно во делот на капиталните проекти ќе продолжиме во наредниот период, не само во овој регион туку во сите региони во државата. Исклучително важно е да ја…

Сугарески и Китанов во увид на работите на свлечиштето „Цуцка“

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска заедно со градоначалникот Аце Коцевски направија увид во работите за санација на свлечиштето „Цуцка“. „Безбедноста на граѓаните и непреченото одвивање на сообраќајот е за нас исклучително важно. Она што впрочем со директорот Китанов го говориме секаде, затоа…