ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

Набавени се 91 инвертер клими наменети за основните училишта во Општина Велес. Во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Стојан Бурчевски Буридан“, „Панко Брашнаров“ и во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во наредните денови ќе бидат монтирани клима уредите. Со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставата…

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ ГО ДОБИВА СВОЈОТ ЛИК

Привршува изградбата на спортско-рекреативниот комплекс во населба Превалец. Активностите за реконструкција на спортските терени и поставувањето на урбаната опрема се при крај,  со што жителите од овој дел на градот ќе добијат модерно и функционално катче за спорт и рекреација.        

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ВЕЛЕС

Започна асфалтирањето на потегот од кружен тек кај мостот „Гемиџии“ кон бензиската станица Лукоил. Општина Велес упатува благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта за обезбедените средства за реконструкција на делницата и до Македонија пат- Подружница Велес за изведбата на градежните зафати на терен.  

ПОСТАВЕНИ ПАРКИНЗИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), во рамки на проектот Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), а по повод Европската недела на мобилност 2024, обезбеди три паркинзи за велосипеди кои ги поставивме на три различни локации во градот – пред зградата на Одделение за катастар на недвижности Велес, ЈКП „Дервен“ и…

УШТЕ ЕДНА ГРАДЕЖНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТЕК

Започнаа градежни зафати за реконструкција на делницата од кружен тек кај мостот Гемиџии кон бензиската пумпа Лукоил. Во тек е гребење на стариот асфалт по што ќе следи асфалтирање на делницата. Општина Велес упатува благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта кои обезбедија финансиски средства за реконструкција на делницата и до Македонија пат – Подружница…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ЛЕВАТА СТРАНА НА ГРАДОТ

Започна реконструкцијата на дел од улиците „Орце Шутев“ и „Јовче Ќучук“. По завршувањето на подготвителните работи на терен овие делници ќе се бетонираат. Општина Велес продолжува со инвестирање во инфраструктурата во градот.  

ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ И ЗА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација од компанијата ОКТА. Заштеда на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на продуктивноста во работењето, преку поставување на фотоволтаици, ќе имаат сите основни и средни училишта во Велес. Денеска градоначалникот Марко…

БЕТОНИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО

Градежни активности во село Бузалково. По завршувањето на подготвителните работи започна бетонирање на два крака во должина од 110 и 55 метри. Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развојот на општината. Општина Велес континуирано инвестира во инфраструктурата во градот и населените места.  

НОВОТО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ ПОДГОТВЕНО ЗА СПОРТУВАЊЕ

Фудбалското игралиште во ООУ „Васил Главинов“ го доби својот нов лик. Подготвено е за спортување. Третиот спортски терен е завршен со тоа што е поставена оградата и најсовремена подлога. Во наредниот период ќе се изведе и фитнес зоната со што спортско-рекреативниот комплекс ќе биде целосно завршен и подготвен за спорт и рекреација на учениците и…

СЕ ГРАДИ КЕЈОТ ОД МАЛО МОВЧЕ ДО СТАР МОСТ

Продолжува изградбата на кејот на река Вардар од десната страна. Градежни активности има на потегот од Мало мовче до Стар мост. Со поврзување на двата потега, граѓаните ќе добијат уште едно уредено пријатно место за одмор и релаксација.