ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА ИСТОРИСКОТО И КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО НА ВЕЛЕС

Во рамки на Годишната програма за 2025 година, министерството за култура и туризам издвои околу 20 милиони денари за поддршка на проекти во Велес за развој на културата и негување на историското наследтсво во Велес. За таа цел, министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со директорот на Националниот конзеравторски центар Александар Јордановски и…

ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО КУЌАТА НА КАСАПОВИ

Во организација на Клубот на пистаели „Коста Солев Рацин“ вчеравечер во Куќата на Касапови се одржа традиционалната Велешка поетска вечер. Десетици автори и љубители на поезијата од цела држава дадоа парче од својата душа преку напишаните стихови. Прекрасниот амбиент го комплетираше музичарот Николче Николов – Никица со најубавите традиционални велешки песни. Програмата на „Велешко лето…

ПРОДОЛЖИ ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ ДО СТАР МОСТ

Продолжува изградбата на кејот на реката Варадар до Стар мост. Градежните активности се во тек на потегот од Мало мовче до Стариот мост. Со поврзување на кејот што претходно се изгради, од потегот на мостот „Гемиџии“ до „Мало мовче“, граѓаните ќе добијат уште едно уредено катче за одмор и релаксација.      

НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ОТВОРЕНО НА ЛЕВАТА СТРАНА ОД ГРАДОТ

Новото фудбалско игралиште на левата страна на градот, во близина на автобуската станица, вчера беше пуштено во употреба. Спортскиот терен го изгради општествено одговорната компанија Mozzart како дел од хуманитарната иницијатива насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“. Игралиштето го носи името на велешкиот фудбалер Панче Ќумбев и е наменето за спорт и рекреација на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Започнаа градежните работи околу реконструкцијата на водоводната мрежа на вториот дел од улицата „Белградска“. Во тек е промената на старата дотрајана водоводна мрежа  со нова. Во наредниот период ќе се изведат два потпорни ѕида на овој дел како и сите останати подготвителни зафати пред асфалтирање на улицата.  

СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ДВОРОВИ ПОД ВИДЕО НАДЗОР

Општина Велес постави видео надзор и на спортско-рекреативниот комплекс во населба Дворови. Терените ќе бидат под 24 часовен видео надзор кој има за цел да ја заштити урбаната опрема и спортските реквизити наменети за спорт и рекреација на сите граѓани. Во изминатиот период видео надзор беше поставен и на спортско – рекреативниот центар на ООУ…

ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО НАСЕЛБА КЕРАМИДНА

Градежни активности во населба Керамидна. Се бетонира крак на улицата „Наце Димов“ каде се врши ископ на земјена подлога, порамнување, валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Дополнително ќе се санира и дел од постоечкиот бетонски крак на истата улица кој е многу оштетен. Со овие градежни активности ќе се подобрат условите на жителите од овој дел…

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА 15 ПРОЕКТИ МЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И ВЛАДАТА

Градоначалникот Марко Колев ги потпиша договорите за петнаесетте проекти со Владата на Република Македонија. Станува збор за капитални инвестиции на територијата на Општина Велес. Со овие проекти Општина Велес обезбеди средства за: 1.Реконструкција на патот Отовица – Сојаклари; 2.Реконструкција на патот Челошево – Дорутовец; 3.Реконструкција на влез во село Иванковци; 4.Реконструкција на влез во Башино…

СТАРТУВА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025“

Со концерт на нашата музичка ѕвезда Мики Секуловски, во Амфитеатар во Младински парк, вечерва стартува „Велешко лето 2025“. Велешани ќе ги забавува младиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски. Програмата на културната манифестација е богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката , литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните…