СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС ВО НАСЕЛБА ТУНЕЛ ПОД ВИДЕО НАДЗОР

По Гимназијата „Кочо Рацин“ и ООУ „Васил Главинов“, видео надзор е поставен и на спортскиот комплекс во населба Тунел. Со цел да се заштити урбаната опрема во градот Општина Велес продолжува со поставување на камери за 24 часовен видео надзор. Под видео надзор ќе бидат сите реконструирани и новоикзградени спртско рекреативни центри во Велес.  

БАШИНОСЕЛСКИОТ МОСТ Е ЦЕЛОСНО САНИРАН И ФУНКЦИОНАЛЕН

Мостот кај Башино Село е целосно саниран и функционален. Извршена е реконструкција на долниот дел од мостот, зајакнати се носечките столбови и гредите и мостот е веќе безбеден за непречено одвивање на сообраќајот во двата правца и за движење на граѓаните. Во наредниот период ќе биде извршена санација и на горниот дел на мостот. На…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО СЕЛО Р’ЛЕВЦИ

Во тек се градежни работи на пристапниот пат до село Р’левци. Градежните машини се на терен и се врши порамнување на патот. Во рамки на оваа реконструкција предвидено е и тампонирање на одредени делници од патниот правец, нанесување на тампонски материјал и валирање. Со оваа реконструкција ќе се овозможи подобрување на условите за користење на…

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БАШИНОСЕЛСКИОТ МОСТ ВО ПОЛН ЕК

Интензивно се изведуваат градежни работи околу  реконструкцијата на оштетениот труп на мостот кај Башино Село. Во тек е појачување на главните носачи со додавање на дополнителна арматура, шалување и бетонирање. Дополнително се работи и на поставување на челични спрегови за укрутување на столбовите. Градежните зафати на долниот дел на мостот се одвиваат согласно предвидената динамика…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Започна реконструкцијата на Раштански пат. Градежната механизација е на терен каде што во тек е целосна длабинска реконструкција на Раштански пат. Делницата е во должина од 800 метри, со што значително ќе се подобри патната комуникација кон овој дел од градот и околните села.  

УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

Се прават последните подготовки за стартот на четвртото издание на Спортски игри Велес. На овој спектакуларен спортски настан ќе учествуваат над 640 спортисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Иран, Куба, Америка, Франција и Ирска, а меѓу нив и познати репрезентативци и европски прваци кои ќе си ги одмерат силите во…

ХУМАНИТАРНА ТРКА ВО ВЕЛЕС

Се придружувате ли и вие на хуманитарната акција „СИТЕ ЗА КОЧАНИ ‒ ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“? На 25 мај, трчаме заедно во 7 градови со една цел ‒ да помогнеме на оние на кои им е најпотребно!Во Велес, трката започнува и завршува на влезот на стадионот во Градскиот парк во 10:00 часот, со патека долга 5 километри.Покажете…

ПРЕВАЛЕЦ СО НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Ново улично осветлување и во населба Превалец. Активностите за промена на мрежата на улично осветлување завршија. Жителите на оваа велешка населба добија ново, современо лед осветлување со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со уличното осветлување во овој дел на градот.  

ПОДГОТОВКИ ЗА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Се подготвува Велешко лето 2025.  И годинава ќе се состои од богата и разновидна програма за забава и дружење во летните денови во Велес. Настаните ќе се одвиваат во различни делови и маала низ градот. Велешани ќе имаат можност да уживаат во различни музички настани, рецитали и друг вид уметности. Сите ваши креативни идеи за…

ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ ПОСТАВЕНИ НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Уште една локална институција добива фотоволтаични панели. Во тек се зафати за поставување на фотоволтаици на покривот на локалната библиотека „Гоце Делчев“, со што ќе се постигнат заштеди во потрошувачката на електричната енергија. Со ваквите инвестиции значително се придонесува за зголемување на продуктивноста во работењето на библиотеката.