Коцевски: „Место за паника и вознемиреност, нема”

„Упатувам апел до јавноста дека и покрај тоа што во Општина Велес бројот на заболени се зголемува, нема место за паника и вознемиреност” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Од друга страна, Коцевски истакна дека иако бројот на заразени на државно ниво се намалува, сепак не треба да се опуштаме…

Прес конференција на градоначалникот Коцевски

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес извести за донесените заклучоци од единаесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. „Претставниците од надлежните јавни здравствени институции и од Министерството за внатрешни работи известија дека вкупниот број на заболени во Општина Велес изнесува 93 и две лица во Општина Чашка. Од овие вкупно 95…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод Денот на македонската полиција

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, до сите припаднички и припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија упатувам најискрени честитки по повод 7 мај, Денот на македонската полиција. Овој датум се одбележува како ден на полицијата и безбедноста,…

Акцијата за собирање на габаритен отпад продолжува до крајот на годината

И покрај вонредната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведоа пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Под стоги мерки за заштита и ограничување на контактите со сопствениците беше извршена услуга на 20 домаќинства и при тоа беше собран габаритен отпад со волумен од околу 80м³…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 5 мај, Денот на македонскиот јазик и македонската азбука. Македонскиот јазик е прогласен за официјален јазик на Демократска Федерална Македонија во 1944 година, а како основа е земен велешкиот говор заедно со останатите дијалекти од централното наречје, врз кои…

Собрани 1250 м³ шут и 40 м³ комунален отпад од диви депонии

Општина Велес и ЈКП „Дервен” со несмалено темпо продолжуваат да ги расчистуваат локациите со отпад на територијата на општината, заради превенција од заразни заболувања, но и за поубав изглед на урбаниот дел од градот. Активностите не прекинаа ниту за време на првомајските празници кога се чистеа дивите депонии со комунален отпад во близина на Градскиот…

Честитка по повод 1. Мај, Меѓународниот ден на трудот

Само она што е создадено со сопствен труд е бесценето. Само она што сме го направиле за другите е нашата вистинска вредност. Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 1.Мај, Меѓународниот ден на трудот. Фактот што годинава го одбележуваме овој значаен празник во…

Општина Велес создава услови за поголемо користење на велосипедот како превозно средство

„Општинскиот штаб за заштита и спасување ја прифати иницијативата доставена од група граѓански организации и поединци, со која се иницира создавање услови за поголемо користење на велосипедот како превозно средство и изградба на пешачки и велосипедски патеки, за што Штабот даде целосна поддршка. Се надеваме на добра соработка со Министерството за внатрешни работи – сектор…

Успешно се спроведува наставата на далечина во Велес

Градоначалникот Коцевски, на денешната прес конференција го пренесе заклучокот донесен од вчерашната средба со директорите на училиштата, градинката и ученичкиот дом и информираше дека многу добро функционира наставата на далечина во сите општински основни и средни училишта. „Има проблеми со одредена категорија на ученици кои потекнуваат од посиромашни семејства, заради неможноста на родителите да им…