Извршен надзор за спроведување на прва аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани, Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за прскање против комарци. По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бонер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од утре, вторник, (20.06.2023 година) ќе започнат градежните работи за реконструкција на дел од улицата  „Киро Ќучук“, од спој со улица „ Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“ (каде што почнува коцката). Градежните работи опфаќаат кршење на постоечка бетонска подлога,  изнесување на градежен шут, ископ, тампонирање, валирање и асфалтирање. Градежните работи предвидуваат вклучување на…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПРВА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 20 јуни…

ВЕЛЕС Е ДОМАЌИН НА ПЕТТОTO ИЗДАНИЕ НА ДИЈАЛОЗИТЕ СО ЛОКАЛНИТЕ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД TEAM EUROPE

Во Општина Велес се одржа петтиот по ред дијалог со Локалните младински совети, кои имаат за цел поттикнување на младински ангажман и активно учество на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Предлозите на младите велешани варираа од трансформирање на Велес во модерен град преполн со културни настани и спортски активности, до залагање…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради изведување на градежни работи за санирање на оштетен бехатон од коловоз на улица „Љубен Весов“, во непосредна близина  на куќен број 94 и 96, дел од улицата, утре (четврток) од сабајле до вечер ќе биде затворен за сообраќај. Затворањето на улицата ќе биде на потегот од  „Солено Чешмиче“ кај дуќанчето, до ширинката кај оџакот…

УЛТРАМАРАТОН И ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на Рацин и по повод јубилејни 60. Рацинови средби и годинава се одржува 150 километарскиот ултрамаратон до Лопушник, местото на погибјето на великанот. Тројцата атлетичари, ентузијасти и почитувачи на ликот и делото на Рацин, тргнаа од Велес за да стигнат на Лопушник на 13 јуни, на денот кога во 1943 година е убиен…

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Културно поетска манифестација по повод јубилејните 60. Рацинови средби се одржа во Спомен Костурницата во Велес. Пред присутните гости, во чест на Рацин се обрати градоначалникот Марко Колев. Тој рече дека овие средби се обединети под слоганот „Рацин без компромис“ и преку него го славиме неговото наследство, јазикот и културата. На свеченоста му беше врачено…