ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека во сабота, 20.05.2023 година, на улица „Сараевска“ ќе се изведуваат градежни работи за  санирање на оштетувања на коловозот  од бехатон  на две локации. За непречено изведување на работите неопходно е улицата да биде исклучена од сообраќај во траење од 8 часа и тоа од 08:00 часот до 16:00 часот.…

ВО ТЕК Е ПРОЛЕТНА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност: Општина Велес ја известува јавноста дека денес, 17 мај 2023 година, започнуваат активности за спроведување на пролетната дератизација на…

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2023 за прием на работник во работен однос на неопределено време во општинската администрација на Општина Велес

Општина Велес има потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време за следното работно место:   1.Назив на работно место – Возач, Ниво А2,  шифра УПР 04 03 А02 001, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и…

Едукативна обука за безбедноста на храната во градинките

Вчера во Општина Велес, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе еднодневна едукативна обука за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи во Вардарски плански регион. Целта на едукацијата е да се превенираат инциденти поврзани…

ПРИКЛУЧИ СЕ НА ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Општина Велес и годинава се приклучува на акцијата „Генералка викенд 23“ . Во рамки на акцијата за собирање на селектиран отпад ќе бидат вклучени децата од детската градинка „Димче Мирчев’, учениците од основните и средните училишта во градот, вработените во ЈКП „Дервен“ и граѓанските организации.. Првата акција ќе се одржи на 12 мај, петок,  со…

Известување за градежните работи за реконструкција на ул „Архиепископ Михаил“ од раскрсница со ул „8ми Септември“

И З В Е С Т У В А Њ Е Се известуваат  граѓаните на Општина Велес дека од Среда-  10.05.2023 год ќе започнат градежните работи за реконструкција на ул “Архиепископ Михаил“ од раскрсница со ул “8ми Септември“ до раскрсница со ул “ Кирил и Методиј “ (до пред влезот во ООУ“ Кирил и Методиј…

СО ПРОМОЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА 9 МАЈ

По повод 9 Мај, Денот на Европа, Младинскиот центар во соработка со Општина Велес и со поддршка на Локалната библиотека Гоце Делчев, денеска одржа работилница на која се промовираа европските вредности. Ученици од ООУ Васил Главинов направија презентација на Италија, земја членка и основач на Европската Унија. Присутните се запознаа со најзначајните географски и демографски…