Конкурс за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“. Финансиските средства во висина од 400.000,00 денари за делегираната надлежност се  обезбедени…

Конкурс за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација Фестивал на комедија„ 5ре“ на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација Фестивал на комедија 5ре. Манифестацијата е маратон на театарски комедии, претстави и перформанси кои освен во театарски простор може…

79 ГОДИНИ ОД ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

Годинава се навршуваат 79 години од славниот Февруарски поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. 21 февруари, светол датум од историјата кој не згаснува и трајно го чува споменот за човечкиот непокор. На овој ден се потсетуваме на херојските подвизи на борците, нивната издржливост и нивната верба за посветла иднина. Февруарскиот поход игра важна…

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ КОН ЕЗЕРО МЛАДОСТ!

Денес започна асфалтирањето на првите 1200 метри од оваа делница и ќе трае до среда, поради што патот е затворен за сообраќај. Продолжуваат и градежните зафати за реконструкција уште на еден километар во продолжение, а ќе продолжи се до предвиденото над Ресторан “Бела вода”. Благодарност до ЈПДП за одличната соработка во реализација на проектите во…

ПОМОШНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК ДОБИВА НОВ ЛИК!

Култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно, целосно ќе се реконструира. По завршување на сите подготвителни активности ова игралиште ќе добие целосно нов лик со современа подлога по што граѓаните ќе добијат уште едно катче за спорт и рекреација. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здравјето на сите нас! Продолжуваме посветено!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Регионалниот пат кон езеро Младост ќе се асфалтира. Заради непречено одвивање на градежните работи патот е затворен и сообраќајот е пренасочен по автопатот од каде може да се стигне до туристичките капацитети и рестораните покрај езерото. Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и трпение со цел градежните работи да се реализираат непречено и во предвидениот…

Известување за одржување на состанок за запознавање на локалното население во врска со изведувањето на градежните работи при реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев, дел од ул.Живко Фирфов, дел од ул.Лазо Осмаков, дел од ул.Андон Шурков и дел од ул.Орце Мартинов

Како дел од проектот за поврзување на локалните патишта помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во тек е реализација на градежни работи – реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев, дел од ул.Живко Фирфов, дел од ул.Лазо Осмаков, дел од ул.Андон Шурков и дел од ул.Орце Мартинов. Во…

ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СЕ ВРАТИЈА ОД ТУРЦИЈА

Петмината велешки пожарникари Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се вратија од Турција каде учествуваа во спасувачка мисија за пронаоѓање и извлекување на луѓе под урнатините од катастрофалниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција минатата недела. Тие доцна синоќа се вратија во Велес и денеска остварија средба со…

ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Отпочнавме со градежни активности на дел од улица “Живко Фирфов”. Оваа улица е една од петте предвидени за реконструкција во заедничкиот проект на Општина Велес, Светска банка и Министерството за транспорт и врски.