СЕ КОНСТИТУИРАШЕ НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес. Со првата седница на Советот претседаваше највозрасниот член, Коста Нојков. На денешната седница не се избра претседател  кој ќе го води советот во наредните четири години. Се избраа претседател и членови на Комисија за верификација на…

СТАРТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Денеска, во просториите на Општина Велес официјално започна реализацијата на проектот за изработка на Физибилити или Студија на изводливост за оптимална мрежа и систем за јавен градски превоз во Велес,  финансиски поддржан од УНДП и буџетот на Општина Велес. На првата средба со претставниците на израелската компанија „РОМ“ која работи на студијата, Градоначалникот Марко Колев…

ЗАБРЗУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАЗАР ПОБАРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ

Градоначалникот Колев денеска беше во увид на градежните активности на фаза 2 од новиот Градски пазар. Оствари средба со изведувачот на градежните зафати  „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје“ и надзорниот орган од МБМ Инженеринг. На состанокот се разговараше за текот на работните активности во изградбата на горниот дел на пазарот,…

АТЛЕТСКА ТРКА ПО ПОВОД 9 НОЕМВРИ – ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Градоначалникот Колев денеска оствари средба со група на граѓани, атлетичари и иницијатори за одржување на трка со цел да се реализира ноќна трка со која ќе се одбележи празникот на градот, 9-ти Ноември. На атлетската трка се очекува да учествуваат околу 200 учесници од цела Македонија и ќе трчаат на 5 и на 10 километри.…

ВЕЛЕС СО НОВ МУРАЛ

Урбаната естетика во градот, деновиве се збогати со уште еден мурал. Муралот ја претставува песната „Ленка” од великанот Кочо Рацин, преку илустративна визуелизација со цртеж во комбинација со текст. Задолжена за авторската скица и изведбата на муралот е Бранкица Јордановска, дипломирана графичарка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Текстот од песната претставен на муралот…

Одлука за поништување на јавниот оглас за вработување на неопределено време во општинската администрација бр.04-2889/2 од 20.07.2021 година

Врз основа на член 50, став 1, точка 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02),  а согласно член 23 став 1 алинеја 6 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05…..20/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21), Градоначалникот на Општина Велес ја донесе…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВО УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ВО Г. ОРИЗАРИ

Во тек е реконструкција на плоштадот во село Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска изврши увид во градежните зафати што ги изведува Друштвото за градежништво „ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Велес“. На терен моментално се врши машинско гребење на постоечкиот асфалт. Во следната фаза од градежните активности ќе се постават улични рабници, нивелирање на капаците на постоечките шахти,…

ЕСЕНСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Општина Велес ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден, 29.10.2021 година, ќе започне со спроведувањето на есенската дератизација на Велес како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Овие мерки се  предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствена заштита за 2021 година. Процесот на дератизација се…

КЛУЧОТ НА ГРАДОТ ВО РАЦЕТЕ НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВЕЛЕС МАРКО КОЛЕВ

Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста и функцијата Градоначалник, помеѓу досегашниот Градоначалник Аце Коцевски и новоизбраниот Марко Колев. На чинот на примопредавање, досегашниот градоначалник Коцевски му го врачи клучот на градот на новиот градоначалник Колев.  Тој му ја честиташе функцијата и му посака успешна работа. „Тоа…

Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола на Прехранбена индустрија  „Благој Ѓорев“ АД Велес

Општина Велес,  изготви Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола на Прехранбена индустрија  „Благој Ѓорев“ АД Велес со седиште на ул.Алексо Деминиевски , бр.18  Велес,  за инсталација за: производство на растително масло за јадење, маргарин, кондиторски производи (таан и таан алва, локум, желе, мармелади)  оцет, зачини и масни киселини со капацитет од 100 т/ден готов производ  со седиште…