ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТИ ТРИФУН

Со квалитетно вино од локални винарии, вкусни специјалитети од домашни производители и добра забава од неколку музички бендови и артисти, денеска во Младински парк се одбележа Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите. Општина Велес годинава за прв пат организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното. Велешани уживаа во празникот со желба да…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „СТЕФАН ДИМИТРОВ“

Водоводната мрежа на улицата „Стефан Димитров“ , стара повеќе од 30 години, се заменува со нова. Службите на ЈКП Дервен се на терен, вршат промена на азбестните водоводни цевки со нови во должина од 120 метри. Со замена на дотрајаната водоводна мрежа и поставување на нова, жителите на оваа улица нема повеќе да имаат проблеми…

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Започнаа подготовките за реконструкција на улицата „Петре Прличко“ кај Градскиот пазар. Во тек се земјени работи и подготовка на коловозот пред асфалтирање. Реконструкцијата опфаќа замена на тампонскиот материјал со нов, асфалтирање на коловозот во два слоја. Предвидена е и реконструкција на тротоарите со уличните рабници. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Марко Колев.  

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ ВО ВЕЛЕС

Средните стручни училишта, Гимназијата и компаниите од Велес, во просториите на општината, денеска учествуваа на социјален дијалог за да се утврди потребата од профилиран кадар кој ќе ги задоволи потребите на компаниите. Претставниците на училиштата ги истакнаа своите искуства со дуалните паралелки и соработката со социјалните партнери односно компаниите во кои учениците ја реализираат својата…

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2024 за засновање на работен однос на неопределено време во Територијална противпожарна единица на Општина Велес

Територијална противпожарна единица на Општина Велес има потреба од вработување/засновање на работен однос на неопределено време на 3 (тројца) извршители за следното работно место:     1. Пожарникар спасител, ниво В4, шифра ПОЖ 02 10 В04 000 – 3 (тројца) извршители,   -општи услови: -кандидатот да е државјанин на РСМ, -да е полнолетен, -активно да…

СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

На заедничкото чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун граѓаните ќе имаат можност да дегустираат добри вина од локалните винарии Шато Сопот, Old School, Тристо и Wine Gallery, како и вкусни специјалитети од Гостилница Снупи. За добра забава ќе се погрижат Стакато бенд, Тони Андреев, Harmony Band, Мими Јовановска заедно со бендот на…