Пазарот во Нова населба останува затворен

Пазарот во Нова населба останува затворен. Оваа одлука на Штабот за заштита и спасување, денеска на прес прес конференција ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски. Пазарот останува затворен затоа што Штабот оценил дека нема доволна вентилација поради затворениот простор во кој е сместен. Оваа одлука ќе остане на сила до крајот на наредната недела. Градскиот пазар…

Велес денес без нови случаи на Ковид 19

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ги презентираше информациите и заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување кој се состана утринава. Како што информираше градоначалникот, денес нема регистрирано нови заболени од Ковид 19 во Велес, регистрирани се 3 лица кои оздравеле. Двајца се на инфективно одделение и еден на домашно лекување. Се очекува…

Сугарески од Велес: Силна динамика на капиталните инвестиции

При денешната посета на локацијата на која се одвиваат работите за санација на карпата „Цуцка“, министерот Сугарески ја информираше јавноста за тековните и претстојните капитални проекти.  „Ние се посилно во делот на капиталните проекти ќе продолжиме во наредниот период, не само во овој регион туку во сите региони во државата. Исклучително важно е да ја…

Сугарески и Китанов во увид на работите на свлечиштето „Цуцка“

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска заедно со градоначалникот Аце Коцевски направија увид во работите за санација на свлечиштето „Цуцка“. „Безбедноста на граѓаните и непреченото одвивање на сообраќајот е за нас исклучително важно. Она што впрочем со директорот Китанов го говориме секаде, затоа…

Од среда (27 мај) започнува постапката за пријавување за субвенционирање на велосипеди и сончеви колектори

„Советот на Општина Велес, по мој предлог донесе одлука за субвенционирање на купен велосипед од страна на физички лица во вредност до 3.000,00 денари, за што се обезбедени вкупно 500.000,00 денари, како и за субвенционирање на купен сончев термаленен колектор во висина до 20.000,00 денари, за кој исто така се обезбедени 500.000,00 денари од општинскиот…

57. Рацинови средби со нов термин и концепт

Како што информираше Коцевски на денешната прес конференција, Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби” работел во полн состав и со учество на  афирмираниот писател и поет Игор Крајчев, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев”, истакнатиот драматург и писател, Сашо Димовски од Националната установа Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, а во комуникација…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод Денот на пожарникарите

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на Територијалната противпожарна единица – Велес, им го честитам 20 мај, Светскиот ден на пожарникарите. Совладувањето и справувањето со огнените стихии, кои се најголем противник на пожарникарите, претставува знаење, стекнато…

Познати добитниците на Почесното Рациново признание за 2020 година

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста дека Организацискиот одбор на „Рациновите средби”, на одржаната седница по електронски пат, односно преку видео линк, донесе Одлука за избор на добитници на Почесното Рациново признание за 2020 година. Годинава наградата се доделува на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и…

Од петок 22 мај, во Градскиот пазар се отвораат два дополнителни влеза и се дозволува продажба и на непрехранбени производи

Денес, 18 мај 2020 година, градоначалникот на Општина Велес, Коцевски, одржа состанок со работната група сочинета од претставници на установи и институции во врска со работењето на двата пазара во Велес. Новина е дека од петок 22 мај, во Градскиот пазар се отвораат два дополнителни влеза и се дозволува продажба и на непрехранбени производи.  Со…