ОДБЕЛЕЖАН 18 АВГУСТ, ДЕНОТ НА АРМИЈАТА!

Во чест на овој ден градоначалникот Марко Колев присуствуваше на свеченоста во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде го одбележавме 18 Август, Денот на армијата! Армијата е вистинското благородништво на државата. Храброст, посветеност и пожртвуваност да бидат одлика преку која ќе не препознаваат и вреднуваат. Честит Ден на армијата! Да живее армијата! Да живее Република Македонија!

СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ СИМПО ДОБИВА НОВ ЛИК

Спортот и рекреацијата се неопходни за здрав и исполнет живот. Токму затоа ова игралиште е едно од многуте кои во наредниот период ќе се реконструираат. Спортското игралиште кај Симпо ќе добие најсовремена тартан подлога и нови кошеви за рекреација, а ќе биде заменета и оградата околу игралиштето. Поубав Велес станува реалност!

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО НА ТЕНДЕР

Врз основа на донесената Одлука на Градоначалникот на Општина Велес за распишување на јавна набавка согласно Член 9  став 1 и член  28 став 1 од Законот за Јавни набавки (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.136/2007, бр.130/2008, бр.97/2010, бр.53/2011, бр.185/2011…83/2018 ) член 50 од Законот за локална самоуправа, Во рамки на Проект „Паметни решенија Велес…

БАШИНОСЕЛСКАТА ВОДА Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ, ВОДАТА ВО РЕКА БАБУНА Е ЗАБРАНЕТА ЗА КАПЕЊЕ

Водата од природната чешма во Башино село е исправна за пиење. Последните анализи  на Центарот за јавно здравје во Велес покажуваат дека физичко-хемиските својства на водата се во рамките на дозволените параметри и согласно прописите за безбедност водата е дозволена за употреба. Водата во река Бабуна е бактериолошки неисправна и не е дозволена за капење,…

Извршена е трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани граѓани, Ве информираме дека во раните утрински часови, извршена е трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари. Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, согласно програмата за здравствена заштита за 2022 година. Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита…