„ЈУ-КА” ДООЕЛ – ВЕЛЕС ДОНИРАШЕ ИЛЈАДА ЗАШТИТНИ МАСКИ

Велешката компанија за производство на заштитна и работна облека, „ЈУ-КА” ДООЕЛ – Велес, денес донираше илјада заштитни маски на Општина Велес, кои во текот на денот беа дистрибуирани до здравствените институции во градот. Општина Велес упатува апел до сите општествено одговорни компании да ги следат овие позитивни примери и да се приклучат кон акцијата за…

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Во просториите на Општина Велес, денес, во проширен состав се одржа шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со согледувањето на статусот на веќе донесените мерки и активности за заштита од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и донесување на нови. На седницата беа донесени следните заклучоци: Се задолжува ЈКП Дервен…

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес во соработка со припадниците на МВР СВР – Велес ги интензивираат мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните. За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот. Оваа активност започна во текот…

ИСЧИСТЕНИ ДИВА ДЕПОНИЈА И АТМОСФЕРСКИ КАНАЛ

Согласно Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес, општината во соработка со ЈКП „Дервен” денес започнаа активности за чистење на дивата депонија во месноста Рамина, како и чистење на атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов”. Откако ќе заврши чистењето, ќе следуваат активности за перење и дезинфицирање на просторот. И покрај лошите…

ФЛАШИРАНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И КАНИСТЕР СО ВОДА ЗА ТЕХНИЧКА УПОТРЕБА ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СОПОТ

Поради неисправноста на водата за пиење од природната чешма во село Сопот, а со цел задоволување на потребите за вода на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбеди достава на вода со канистер за техничка употреба и флаширана вода за пиење. Ова е заклучокот од Седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина…

ГРАДСКИОТ ПАЗАР ЌЕ РАБОТИ ДО 13:00 ЧАСОТ, МАЛИОТ ОСТАНУВА ЗАТВОРЕН

Малиот пазар во „Нова населба” останува затворен, а Градскиот пазар ќе работи секој ден, од 06:00 до 13:00 часот. Вака одлучи Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес на Седницата, одржана на 23 март 2020 година. Во заклучоците се вели дека продажбата ќе биде ограничена исклучиво само на земјоделски производи (овошје, зеленчук и…

ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА И СОБИРАЊЕ ВО ГРУПИ

Како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на Covid – 19  (коронавирус), Општина Велес ја известува јавноста дека ги затвора сите детски игралишта, оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро „Младост” и другите јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните. Општина Велес апелира до сите…

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која присустуваа  членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита…

Реконструкција на одводна атмосферска коловозна решетка (крстосница кај Стар Мост)

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, Општина Велес во соработка со ЈП Македонски железници – Инфраструктура, започна со реконструкција на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Димко Најдов” (крстосница кај Стар Мост) во Велес. Во периодот од 23 до 30 март 2020 година ќе се започне со реализација втората фаза, а со тоа ќе…

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ТАКСИ-ВОЗИЛАТА И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека на почетокот од оваа седмица, испрати препорака до сите такси-превозници на подрачјето на Општина Велес да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси-возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици). По препораките од страна на Владата и општината, лиценцираните авто-такси…