Уште многу работа за АД „Благој Ѓорев“ за добивање на еколошка дозвола

АД „Благој Ѓорев“ нема доставено основен проект. Оваа информација денеска на прес -конференција со факти ја потврди Билјана Шуркова-Манаскова, раководител на одделението за животна средина во Општина Велес. Како што нагласи Шуркова,  таа стапила директно во контакт со компанијата која работи на основниот проект од каде е известена дека  проектот сеуште е во работна фаза…

МЛАДИОТ ХРИСТИЈАН АНДОВСКИ – ВИЦЕШАМПИОН НА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ

Информацијата за постигнатиот успех на младиот велешанец, Христијан Андовски, ученик во ССОУ  „Коле Неделковски“ на годинешното издание на европското финале на Европскиот квиз на парите и освојувањето на вицешампионското место ја објави и поздрави градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. На Европскиот квиз на парите оваа година учествуваа 500 000 учесници од 28 европски држави.…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО, 26 ЈУНИ 2020

Информациите од денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за регистрирани два нови позитивни случаи во Велес и велешко и две оздравени лица ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција. Вкупната бројка на заболени во Велес и велешко изнесува 173 лица, од нив 131 се оздравени, 12 починати и 30 активни.…

НАЈДОБРАТА ЕНДУРО ПАТЕКА Е ВО ВЕЛЕС  – СЕ ОДРЖА ЕНДУРО 2020

Во организација на Мото клубот „Мото Велес”, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес денес беше организирана првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020 година. Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина се одржа на веќе познатата локација на велешкото езеро „Младост”, но поради актуелната ситуација со пандемијата Ковид-19, трката се одржа без присуство на публика, притоа следејќи…

Случај „Блaгој Ѓорев“ – Градоначалникот очекува кривична пријава за фабриката

Градоначалникот Аце Коцевски денеска јавно одговори на обвинувањата  од Горан Лазов, директор на фабриката „Благој Ѓорев“ кој по излевањето на мазут го обвинува ЈКП „Дервен“ за нестручно миење на улицата. Тој пред медиумите изјави  дека со задоволство ја прифаќа поканата на Лазов за ТВ дуел и дека очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава за…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „КРСТЕ МИСИРКОВ”

Со средства на ЈКП „Дервен” во тек е замена на старата азбестцементна цевка на водоводната линија на улица „Крсте Мисирков”, во должина од 150 метри, со нова полиетиленска цевка (со пресек од 160 мм). Со ова ќе се обезбеди безбедна и квалитетна вода за пиење. По завршување на реконструкцијата на водоводната линија, Општина Велес ќе…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД 14 ЈУНИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Почитувани крводарители, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството. Сите Вие хумани граѓани – крводарители со Вашата несебична помош во спасувањето на човечки животи ја изразувате својата хуманост, а истовремено придонесувате во подигнувањето на колективната и индивидуалната свест за значењето на дарувањето…

ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

По повод одбележувањето на 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет, великанот Коста Солев Рацин, еколошката групација „Грин Пауер”, од Велес, годинава, по втор пат организираше планинарски Марш во чест на Рацин, од Велес до Лопушник, Кичево, местото на неговото трагично загинување. Општина Велес финансиски го поддржа овој настан и обезбеди превоз за учесниците. На организаторите од еколошката групација…

Почит за Рацин

По повод 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет Коста Солев Рацин, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и делегаци и претставници на семејството на Рацин, Советот на Општина Велес, општинската администрација, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин”, јавните установи и СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, денес положија свежо цвеќе пред паметниците на великанот во центарот…

Проширување на капацитетите за паркирање во градот

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција информираше за состојбата и предизвиците со кои општината се соочува во врска со паркинг просторот. На улицата „11 Октомври” (на просторот пред „Кам” маркет и „Симпо” во Нова населба) кадешто и до сега можеа да се паркираат возила предвидено е улично паркирање за околу 90 возила. Општина Велес на…