Интерен оглас 01/2021 за унапредување на административен службеник во Општина Велес

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20 ), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот…

АМБАСАДОРОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Градоначалникот Аце Коцевски оствари официјална средба со Н.Е. амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ. Коцевски и Јаќимовиќ разговараа за соработката помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина како и за можноста за продлабочување на економската соработка  меѓу фирмите од двете земји. По средбата со Градоначалникот Коцевски, амбасадорот Јаќимовиќ замина за село  …

СООПШТЕНИЕ

Општина Велес ги известува граѓанките и граѓаните дека поради оштетени светлечки кордони на новогодишната елка во Младински парк, од страна на несовесни граѓани, истата повеќе не е безбедна за посетителите на паркот. Поради тоа службите на Општина Велес ќе извршат исклучување на новогодишната елка, а во текот на наредните денови, во зависност од временските услови,…

СЕ ОДРЖА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ,,ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС“

Во Големата сала на Општина Велес се одржа јавна дебата на која архитект од проектантската куќа ,,Друштво за геодетски работи, трговија и услуги  ГЕО БАЛКАН“ увоз-извоз ДООЕЛ Битола го презентираше основниот проект за изградба на покриен Градски пазар во Велес. Освен присутните во салата, презентацијата ја следеа  онлајн, новинари, архитекти и други заинтересирани граѓанки и…

СРЕЌНА И УСПЕШНА НОВА ГОДИНА

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани велешанки и велешани каде и да сте на земјината топка, дами и господа, Ви посакувам добро здравје, многу среќа, мир, спокојство, благосостојба и многу успеси и дострели на личен и професионале план. Нека Новата 2021 година ви биде многу посреќна и поуспешна од годинава што изминува.  

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ПОЕДИНЦИ, ИНСТИТУЦИИ, ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, БИЗНИС ЗАЕДНИЦА, МЕДИУМИ ЗА СОРАБОТКАТА И ПОДДРШКАТА

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани велешанки и велешани, дами и господа Навистина е задоволство што дури и во вакви тешки услови на пандемија која го успори животот на глобално ниво сепак успеавме да реализираме многу приоритети и да ги поставиме основите за уште поголеми проекти во престојната година. Им благодарам на сите поединци, институции, граѓански…

ОСВРТ НА РАБОТЕЊЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2020 ГОДИНА

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани велешанки и велешани, дами и господа Вообичаено на крајот на годината правиме анализи, даваме оценки за тоа што и колку сме оствариле од тоа што сме го планирале како на личен така и на деловен план. Ги дефинираме нашите визии и цели, ги правиме нашите планови за следната година и…

Стоп за родово базираното насилство – Кампањата трае 16 денови, борбата цела година

Општина Велес, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес и Организација на жени Велес преку кампањата „16 денови активизам“ годинава, со делење заштитни маски ја подигнуваа јавната свест против сите препознаени форми на насилство врз жени и девојчиња. Маските сo лого порака „стоп за насилството“ беа поделени во повеќе…

ВО ЧЕСТ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА НЕГОВИОТ ГРОБ

По повод 118 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов делегација од Општина Велес денеска положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Пантелејмон“. На тој начин му оддаде почит на ликот и херојскиот подвиг на овој велешки јунак, чиј живот завршува на 24 годишна возраст, кој сам си го одзема пукајќи…

Одлука за спроведување на стратегиска оцена – нас.Керамидна

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  15.12.2020 година  донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена За планскиот документ Изработка на Детален…