Прес конференција на градоначалникот Коцевски, 4 јуни 2020

Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе заклучок Малиот пазар во Нова населба  да остане затворен, а за Градскиот пазар останува одлуката да работи секој ден, а продажбата на производите да се одвива со реорганизација по денови. Дванаесет лица кои се позитивни сместени се на Инфективното одделение во болницата во Велес, а за едно лице…

Во недела, 7 јуни – прво авионско третирање против комарци

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши во недела, 7 јуни 2020 година, во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не се погодни, истото ќе се изврши наредниот ден, во понеделник, 8 јуни 2020 година. Границите на површините кои ќе бидат опфатени се следните:…

Заеднички да го заштитиме јавното здравје – Препораки во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита

Препораки во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштита на јавното здравје, апелираме: При посета на филијалите и експозитурите на банките, корисниците на парична помош од социјална…

Водата од природните чешми не е безбедна за пиење

Според резултатите од последните Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека во најголем дел од испитаните примероци, водата за  пиење не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување. Оваа вода…

Зголемени капацитетите за управување со отпад

Покрај информациите што Општина Велес ги објави во текот на вчерашниот ден за успешната соработка со компанијата „ПАКОМАК“- Скопје која додели уште 15 нови контејнери за отпадно стакло, поставени на 15 нови локации, Општина Велес започна и со распределбата на канти за отпад за 2020 година. На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски информираше дека…

Младите велешани не ги почитуваат мерките- загрозени сите граѓани

По укинувањето на полицискиот час, вработените во МВР се фокусирани на местата каде што се собираат поголем број граѓани, осбено младите како и на излетничките места, соопшти денеска градоначалникот Аце Коцевски. Од 22 до 28 мај издадени се 123 прекршочни платни налози за непочитување на пропишаните мерки за носење на заштитни средства. Во моментов МВР…

Ковид 19- Добри вести за Велес , но претпазливоста останува

Побра епидемиолошка состојба во Велес во споредба со изминатиот период. Градоначалникот Аце Коцевски денеска на прес конференција изрази задоволство што во Велес состојбите со Ковид 19 се подобруваат како што е соопштено и на денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. „Оценката е дека градот не е контаминиран и дека претходните проценки за…

Сограѓаните Роми – дел од акциите за дезинфекција на јавните површини

Согласно годишната програма за заштита на животната средина, а истовремено следејќи ги мерките и препораките од Владата, со цел превенција и спречување од ширење на Ковид-19, Општина Велес врши редовно чистење и дезинфекција на јавните површини на целата територија на општината. Преку проектот „Креирање можности за работа на сите – главна фаза”, кој е дел…

Поставени нови контејнери за отпадно стакло

Долгогодишната соработка на Општина Велес со колективниот постапувач за отпад од пакување ПАКОМАК Скопје продолжува и оваа година. Задоволен од количините на отпадно стакло кои во изминатите две години се собираат од територијата на Општина Велес, Управниот одбор на ПАКОМАК Скопје одлучи да постави дополнителни 15 контејнери за отпадно стакло, со што вкупниот број на…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод 27 Мај, Светскиот ден на Ургентната медицина

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на секој поединец, на севкупниот медицински персонал, им го честитам 27 Мај, Светскиот ден на Ургентната медицина. Во овој период кога државата се справува со пандемијата на Коронавирусот (Ковид-19), колективно учивме да ја…