Езеро „Младост“ во знакот на кајакот на мирни води

Езерото „Младост“ оваа недела беше местото каде љубителите на кајакарскиот спорт уживаа во натпреварите на Државното првенство во кајак на мирни води а воедно и ревијалните трки од регатата „Младост“,чиј покровител е Општина Велес. Велешкото езеро, според познавачите на кајакарството, е едно од ретките места во државата кое има голем потенцијал за развој на оваа…

Игнатов најдобар на денешниот кајак слалом на диви води

И овој викенд во водите на Вардар се одржа кајак натпреварување кое е под покровителство на Кајакарската федерација. Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес како домаќин по 7 –ми пат го организираше Кајак слаломот на диви води Отворено првенство на Македонија „Велес 2019“ 🚣‍♀ 🎖Со резултат од 79, 26 секунди Христијан Игнатов постигна најдобро време на денешниот…

Промовирани делата на велешките автори

Промоција на творештвото и издаваштвото на членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, денес се одржа во градската библиотека „Гоце Делчев”.Во рамките на денешниот настан кој е поддржан од Општина Велес се промовираа сите дела кои клубот ги има издадено во последните пет години, а беше претсавено и творештвото на членовите на…

39 Седница на советот- мерки за ревитализација на површините крај езерото Младост

На 39-та седница, Советот на Општина Велес усвои иницијатива за преземање активности за ревитализација на опожарениот дел од локалитетот Езеро Младост. Покрај извештајот за целокупната состојба, мерките предвидуваат подготовка на акционен план за расчистување на теренот и пошумување, формирање на координативно тело со учество на Општина Велес, територијалната противпожарна единица, подружницата на Шумско стопанство “Бабуна“,…

Д-р Ненад Коциќ избран за претседател на Советот на Општина Велес

На 39 седница одржана на 29 август годинава, Советот на Општина Велес за нов претседател го избра д-р Ненад Коциќ од Советничката група на СДСМ. Д-р Ненад Коциќ е специјалист за интерна медицина и сопственик на приватна здравствена установа. На локално, национално и меѓународно ниво е познат како граѓански активист во ЕД „Вила зора“ и…

,,Велешка поетска вечер” по десетти пат

,,Не дозволувај пепелтада ми ги голта солзите,осамата да ми подава ракаиднината да ми затвора врати.” Ова се дел од прекрасните стихови кои одекнуваа оваа приквечерина во Младинскиот парк во Велес. На традиционалната Велешка поетска вечер свои лични дела прочитаа реномирани поети и писатели, а афоризми поврзани со животот и љубовта прочитаа познати афористичари од здруженијата…

Активен пожарот кај Ораовец

„Пожарот во близина на село Ораовец се шири на четири краци. Најсериозни се краците кои одат кон Ораовец и кон Војница“, изјави денеска градоначалникот Аце Коцевски. Како што информираше, побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување. Два авиони веќе се во функција и истураат вода на локциите. На лице место со огнот се…

Наместо „Фестивал на пити и вино“ – пошумување и опрема за пожарникарите

Градоначалникот Аце Коцевски денеска и соопшти на јавноста дека одлучил да предложи пренамена на средствата планирани за годинешниот Фестивал на пити и вино. „По катастрофалниот пожар што го зафати Велес и кој во моментов се шири во други делови на градот и во кој беше уништен растителниот и животинскиот свет сметам дека е време за носење…

Започна реконструкцијата на дел од улицата ” Благој Ѓорев”

На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот. Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување…