Одбележан 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Советот на Општина Велес и од општинската администрација, како и на политичките партии, денес положија свежо цвеќе на Спомен – костурницата, паметникот на жртвите од Велес и велешко од НОВ, со што се одбележа 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Шестмесечната забрана за извозот на троската од Топилница истекува во јуни

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста во врска со состојбата околу транспортот на техногената минерална суровина – троска од Топилницата за олово и цинк, за количина од 1,8 милиони тони и за добиената концесија на концесионерот „Кепс Монт Гроуп” ДОО Скопје. „Дозволата за експлоатација на суровините е обезбедена…

Коцевски: „Место за паника и вознемиреност, нема”

„Упатувам апел до јавноста дека и покрај тоа што во Општина Велес бројот на заболени се зголемува, нема место за паника и вознемиреност” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Од друга страна, Коцевски истакна дека иако бројот на заразени на државно ниво се намалува, сепак не треба да се опуштаме…

Собрани 1250 м³ шут и 40 м³ комунален отпад од диви депонии

Општина Велес и ЈКП „Дервен” со несмалено темпо продолжуваат да ги расчистуваат локациите со отпад на територијата на општината, заради превенција од заразни заболувања, но и за поубав изглед на урбаниот дел од градот. Активностите не прекинаа ниту за време на првомајските празници кога се чистеа дивите депонии со комунален отпад во близина на Градскиот…

Акција на ЈКП „Дервен“ во Сујаклари

Со цел да се обезбедат хигиенски услови на јавните површини на највисоко ниво и да се заштити животната средина, во село Сујаклари се спроведуваат активности на генерално чистење на центарот на селото. Согласно Програмата за јавна чистота и Оперативниот план за дезинфекција на Општина Велес веќе неколку денови екипи на ЈКП „Дервен“ спроведуваат активности на…

Општинската администрација со редовно работно време

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од 27 април 2020 година (понеделник), општинската администрација ќе започне да го применува редовното работно време од 07:30 до 15: 30 часот. Жителите на Општина Велес своите потреби и барања можат да ги остварат и поднесат преку Граѓанскиот сервис центар и архивата на Општина Велес, помеѓу 10:00 и…

Аплицирање за германски фонд за намалувње негативни последици од Ковид-19 кај приватниот бизнис сектор

Германската Влада, преку сојузното Министерство за развој и соработка ( BMZ), обезбедува фонд за намалување на здравствени и економски последици од кризата со COVID-19 преку develoPPP.de програмата. Приватни компании може да аплицираат на develoPPP.de програмата со цел намалување на импактот од корона кризата на македонската економија. Во прилог основни податоци поврзани со Covid-19 развојното партнерство…

Пријавете семејно насилство!

Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе. Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси на локално и национално ниво.  Ги охрабруваме сите жртви кои се соочуваат со каква било…

КОМУНАЛНИТЕ СЛУЖБИ И ДЕНЕС НА ТЕРЕН

Мерките и активностите за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот, во Општина Велес, се спроведуваат и денес. Комуналните служби при ЈКП „Дервен” во текот на денешниот ден извршија миење и дезинфекција на улиците во населба Керамидна, продолжија со активностите за дезинфицирање на просторите пред и во влезовите на станбените згради, извршија чистење и дезинфицирање…

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Активностите за дезиницирање на јавните површини во градот, станбените колективни згради, но и на главните и споредни улици продолжуваат со несмален интензитет и во текот на денешниот ден. Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен” продолжуваат и денес со реализација на мерките и активностите за заштита и спречување на ширењето на Covid-19 (коронавирус), а истите…