ВО САБОТА, 10 ОКТОМВРИ СЕ ОТВОРА НОВОТО КИНО ВО ВЕЛЕС

Во очи големиот празник 11 Октомври, во сабота, на 10 Октомври годинава ќе биде отворено новото кино во Велес, соопшти денеска на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. „Задоволство ми е што по повеќе од 20 години Велес повторно ќе има кино со најсовремена техничка дигитална опрема за прикажување филмови. Со тоа Велес повторно ќе се вброи…

СПИСОК НА БАРАТЕЛИ КОИ ГО ОСТВАРИЈА ПРАВОТО НА НАДОМЕСТ ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ И СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРИ ЗА 2020 ГОДИНА

Со исцрпување на фондот 500.000,00 денари за доделување субвенции за купување на нови велосипеди, како и 500.000,00 денари за доделување субвенции за купување сончеви термални колектори што по предлог на градоначалникот Коцевски ги одобри  Советот на Општина Велес, финасиска помош од општината за оваа намена добија вкупно 216 жители на Општина Велес. По принципoт на „прв…

СРЕДБА КОЦЕВСКИ – ТИМОНИЕ, УСПЕШНАТА СОРАБОТКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние. Средбата која се одржа во седиштето на француската амбасада во Скопје, ја иницираше амбасадорот Тимоние пред неговото заминување од државава. На средбата, амбасадорот Тимоние упати благодарност до градоначалникот Коцевски за поддршката на проектите и активностите за соработка со француските партнери.…

ЧЕСТИТКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ И НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

Почитувани просветни работници, Во име на Советот на Општина Велес, во име на жителите на Општина Велес и во свое лично име, ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот. Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот на…

Одлука за неизбор на извршители за вработување на неопределено време

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19) и член 50 став 13 од Законот…

Одлука за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување на неопределено време

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19) и член 50 став 13 од Законот…

КОЦЕВСКИ: „НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ПОСЛЕДНО ПРИБЕЖИШТЕ НА НЕРАНИМАЈКОВЦИТЕ”

Во рамки на „Зелениот караван” кој го организира „ЦИВИЛ” со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел, денес во просториите на Општина Велес се одржа работилницата „Зелените доаѓаат” посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. „Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците”, потенцираше Коцевски. „Да продолжиме со по зацртаниот пат, да ги прифатиме и негуваме европските вредности,…

ВО ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА 2020/2021 ГОДИНА

Новата учебна 2020/2021 година во општинските основни и средни училишта ја започнаа вкупно 3876 ученици, од кои 485 првачиња. Во име на Советот на Општина Велес, на сите жители на Општина Велес и во свое лично име, градоначалникот Коцевски упати честитки за првиот училишен ден на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН

Драги првачиња, драги ученици, почитувани родители и наставници, Денес, на првиот училишен ден, на сите вас ви посакувам успешен почеток на новата учебна 2020/2021 година, многу лесна и успешна работа. Оваа година, првиот училишен ден, кога нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во нивните животи го започнуваме во посебни услови предизвикани од пандемијата Ковид-19.…

ПОСТАВЕНИ НОВИ ВЕЛОСИПЕДСКИ СТАНИЦИ ВО ВЕЛЕС

На пет локации во градот денес беа поставени нови велосипедски станици (држачи за велосипеди). Со оглед на зачестената употреба на велосипедот како алтернативно превозно средство, Општина Велес ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди, но и за изградба на велосипедски патеки, со што ќе им излезе во пресрет на велосипедистите. Во…