РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОДЗЕМНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛИЦА „РОСА ПЛАВЕВА“

Се реконструира водоводната мрежа на улица „Роса Плавева“. Старите дотрајани цевки се заменуваат со нови со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето во овој дел од градот.  

АКТИВНОСТИ ЗА ПОЧИСТ И ПОУБАВ ВЕЛЕС

Службите на ЈКП Дервен, во текот на денешниот ден, работеа во месноста Потокот, каде што извршија детално чистење на потокот и околината. Општина Велес со апел до локалното население да покаже високо ниво на свет за одржување на хигиената, да се грижи за средината во која живее и на тој начин да ги подобри условите…

ЗАВРШИ ИЗВЕДБАТА НА ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАСЕЛБА РЕЧАНИ

Заврши изградбата на фекалната канализација во населба Речани со што се реши повеќегодишен проблем на жителите. Фекалната канализација е во должина од 560 метри и со неа ќе се врши канализирање и на фекалните води кои преку цевковод дотекуваат од Дурутовец и Чалошево. Средствата за изградба на оваа подземна инфраструктурна мрежа се обезбедени од министерството…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Белградска“. Во тек е промена на старата и дотрајана водоводна мрежа и поставување на новата. По завршувањето на градежните зафати околу реконструкцијата на водоводната линија, улицата ќе се асфалтира.  

Известување

Општина Велес од денес започнува со градежни работи за реконструкција на ул. „Борис Трајковски“ од ул. „АСНОМ“ до спој со ул. „Благој Ѓорев“, една од четирите улици во лоша состојба предвидени за реконструкција. Работите ќе ги изведува ДПГТТУ ФИЛИП ИНЖЕНЕРИНГ. Сообраќајот ќе се одвива согласно одобрен времен режим и се апелира до сите учесници во…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Започна реконструкцијата на водоводната линија на улица „Луј Пастер“  во населба Керамидна. Со овие зафати ќе се реши голем проблем со водоснабдувањето на жителите од овој дел на градот и ќе се обезбеди водоснабдување во новата социјална зграда. По завршувањето на реконструкцијата на водоводот, ќе отпочне целосна реконструкција на улицата. Проектот се реализира во соработка…

Известување за асфалтирање на улица „Лазо Осмаков“

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од утре 04.07.2023 год на улицата Лазо Осмаков ќе се изведуваат асфалтерски работи. Работите за асфалтирање на улицата во два слоја ќе се изведуваат во траење од неколку денови. Затоа е потребно во наредниве неколку денови на улицата Лазо Осмаков да нема паркирани возила , со цел да…

ЖИТЕЛИТЕ НА СОПОТ ЌЕ ДОБИЈАТ ВОДОВОД

Градоначалникот Марко Колев  го потпиша Договорот за грант со Министерството за финансии за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Сопот. Грантот  во висина од  12.420 842 денари е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги. Дел од средствата на…

СЕ ПОСТАВУВА НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА СО ПРИКЛУЧОК НА УЛИЦА „БЛАГОЈ ЈОСМОВ“

Старата и дотрајана водоводна мрежа на улица „Благој Јосмов“ се заменува со нова. Во тек се активности за поставување  на нова водоводна линија со приклучок до домовите на граѓаните што живеат на улицата. Реконструкцијата на водоводната линија се реализира со финансиски средства од Министерството за транспорт и врски и улицата е една од деветте во…

НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА СОБРАНИ 26 КУБНИ МЕТРИ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад. Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие. Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.