РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ

По барање на граѓаните почна да се реконструира една од најоштетените делници од регионалниот пат на потегот од Вулканизер Дине, кон мостот на Вардар, покрај Башино село. Во тек е гребење на стариот асфалт и изведба на подготвителни работи пред повторно асфалтирање. Финансиските средства за реконструкција на регионалниот пат се обезбедени од Јавното претпријатие за…

ИСПЛАТЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес издвои 1.536.651 денари од буџетот наменети за еднократна парична поддршка за сите првачиња запишани во учебната 2024/2025 година. На сметката на 461 родители односно старатели на првачињата запишани во основните училиштеа во Велес е исплатена еднократната парична помош во висина од 3.000 денари. По прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и…

21 ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

Дваесет и првото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ започнува на 30 септември и ќе трае до 5 октомври. Во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, пред велешката публика ќе се претстават бројни театри од земјава и од странство кои ја негуваат античката драма. Наградите за најдобра женска улога, најдобра машка улога, наградата за…

ФЕСТИВАЛОТ НА ЏЕЗ, ВОРЛД И СОВРЕМЕНА МУЗИКА ПОЧНУВА ВО НЕДЕЛА, 29 СЕПТЕМВРИ

Третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика започнува од недела, 29 септември и ќе трае до крајот на октомври. Фестивалот ќе содржи бројни настапи и перформанси на уметници од земјава и од странство, но и на светски познати бендови и изведувачи. Градоначалникот Марко Колев ги повика сите граѓани, љубители на ваков вид…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ НА ПОТЕГ ОД ХОТЕЛ ГАРДЕНИА ДО ВУЛКАНИЗЕР ДИНЕ

Започна реконструкцијата на регионалниот пат на потегот од Хотел Гардениа до Вулканизер Дине. Во тек е гребење на стариот асфалт и изведба на подготвителни работи. За реконструкција на регионалниот пат финансиски средства обезбеди Јавното претпријатие за државни патишта. Градежните работи на терен ќе ги изведува Македонија пат – Подружница Велес. Финансиската поддршка од ЈПДП е…

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА „ЉУБЉАНСКА“

Започна реконструкцијата на улица „Љубљанска“. Во тек е гребење на асфалтот и согласно временските услови во наредните денови ќе се продолжи со подготвителните активности за асфалтирање на улицата. Реконструкцијата на улицата е во реализација на Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.  

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ООУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Спортскиот комплекс во ООУ „Васил Главинов“ ќе добие нов лик. Започнаа градежните работи за реконструкција на терените во дворот на училиштето. Во тек се земјени работи и отстранување на старата подлога. Со овој проект учениците и граѓаните ќе добијат современи терени за фудбал и кошарка односно уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде…

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски Бауман е во завршна фаза. Вќеравечер градежните машини ја асфалтираа улицата на потегот од Пошта до семафорите. Реконструкцијата целосно ќе заврши вечер во вечерните часови, со цел да се избегне сообраќаен метеж и високите температури. Во наредните денови на улицата ќе бидат поставени средства за смирување на сообраќајот.  

УЛИЦАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА

Градежните работи околу реконструкцијата на улицата „Борис Трајковски“  на потегот од зградата Вук до трговски се завршени. Во изминатите денови се изврши и хоризонтално бележење на улицата, а во наредниот периот ќе бидат поставени и средства за смирување на сообраќајот со цел да се овозможи целосна безбедност на сите учесници во сообраќајот.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Се реконструира улицата „Алексо Демниевски Бауман“. Во текот на вчерашниот ден градежните машини вршеа гребење на стариот асфалт за што е предвидено реконструкција на потегот од пошта до семафори, вклучително и раскрсницата кај семафорите. Воедно на улицата ќе бидат изведени и дополнителни сливници за собирање на атмосферските води со што ќе се реши една од…