РЕКОНСТРУККЦИЈА НА УЛИЦА „АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН“

Ќе се реконструира дел од улицата „Алексо Демниевски Бауман“. Овој фрекфентен дел од улицата која води до железничката станица и неколку трговски објекти ќе се реконструира поради дотрајаност на  горниот слој на асфалтот и оштетувања на коловозот. Финансиските средства за реконструкција, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.    …

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛЕЗ НА СЕЛО КАРАСЛАРИ

Целосно ќе се реконструира влезот на селото Караслари. Фирмата што ќе ги изведува градежните зафати е избрана и наскоро ќе почне со работа. Овој проект е еден од петнаесетте за кои Општина Велес обезбеди финансиски средства преку Владата во соработка со Министерството за транспорт. Со уредувањето на влезот на селото ќе се реши долгогодишен проблем…

ПОСТАВЕНИ ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Средства за смирување на сообраќајот, таканаречени „лежечки полицајци“ се поставени и во населба Превалец. За да се спречат учесниците во сообраќајот да ги заобиколуваат препреките, помеѓу нив, се поставени  и столпчиња со што дополнително се зајакнува безбедноста во сообраќајот. Претходно, „лежечки полицајци“ се поставија и на улицата кај Стар мост.

КООРДИНИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБНОВА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Во рамки на активностите за ревитализација на езерото Младост, се изврши чистење на крајбрежјето од суви наслаги, наталожен седимент возводно, сува трска и наслаги. Акцијата беше спроведена според предвидената динамика од страна на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во наредните денови ќе биде распишан и јавен…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО БАШИНО СЕЛО

Ќе се реконструира влезот во Башино Село. Фирмата изведувач веќе е избрана и градежните зафати наскоро ќе започнат. Целосната реконструкција на влезот на селото е по барање на тамошните жители. Проектот за реконструкција на влезот на Башино Село е еден од петнаесетте проекти за чија реализација Општина Велес обезбеди финансиски средства преку  Владата во соработка…

82 ГОДИНИ ОД ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

Годинава се одбележуваат 82 години од Февруарскиот поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. Борбените операции на Македонската партизанска војска имаат големо историско значење за македонскиот народ. Походот е една од најзначајните воено-тактички операции за време на народноослободителната борба во текот на Втората светска војна. Февруарскиот поход траел еден месец, во должина од 400…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ШТО ГИ ПОВРЗУВА ОТОВИЦА И СОЈАКЛАРИ

Ќе се реконструира патниот правец Отовица-Сојаклари. Општина Велес ги обезбеди финансиските средства за реконструкција во соработка со Владата и Министерството за транспорт со што ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на жителите од овие две населени места. Реконструкцијата на патот што ги поврзува двете села Отовица и Сојаклари е по барање на жителите, а…

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Францускиот амбасадор во Македонија Н.Е. Кристоф Ле Риголер во посета на Општина Велес. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговараше за тековните проекти и предизвици на општината. На средбата стана збор и за можностите за продлабочување на соработката и поголема афирмација на француската култура и јазик. Соработката со меѓународната заедница е…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек се подготвителни земјени зафати за реконструкција на влезот во село Иванковци. По завршувањето на овие работи ќе следи постилање со завршен бетонски слој. Оваа инвестиција ќе приодонесе за опстанок и развој на селото. Општина Велес континуирано вложува во рамномерен развој на општината.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструира уште една долга и фрекфентна улица во градот. Финансиските средства за изведба на градежните зафати на улицата, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.