ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед, Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Празнувањето на Курбан Бајрам е составен дел од традицијата на нашето општество, во кое верските посебности претставуваат дополнителна вредност и афирмирање…

ЗАПОЧНА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Со целовечерен концерт на балетското студио „Анабела” кој се одржа на отворениот амфитеатар во Младинскиот парк, вечерва започна Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Со овој јубилеен концерт балетското студио „Анабела” одбележа 25 години од своето постоење. Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, ќе…

Велешко културно лето

ВАЖНО!!! Согласно објавените протоколи,бројот на публиката е ограничен и задолжително е почитувањето на препорачаните мерки за превенција и заштита од Ковид-19: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција.   Датум Настапуваат Локација Почеток 29.07.2020, среда Јубилеен концерт 25 години балетско студио „АНАБЕЛА“ Амфитеатар, Младински парк…

ПРОГРАМА НА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Програма на настани и содржини за манифестацијата „Велешко културно лето 2020”. Организаторот го задржува правото за промена и надополнување на Програмата на настани и содржини. Сите настани и активности кои се дел од Програмата на „Велешко културно лето 2020” ќе бидат реализрани почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.   Датум Настапуваат Локација…

ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани, соопшти пред медиумите на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. „Иако сè уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар…

ИНСТИТУЦИИТЕ СО РЕДОВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и првата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски. Тој ја пренесе информацијата од МВР – СВР Велес дека од 1 јули до сега издадени се…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 24 ЈУЛИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски ги пренесе информациите од одржаната дваесет и прва седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување и извести дека поради раноодржаната седница утрово неофицијалните информации говорат дека денес во Велес и велешко нема регистрирано нови позитивни случаи на Ковид-19, а четири од заболените оздравеле. Воедно, Коцевски ја пренесе и…

НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ВО РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес направија увид на градежните работи со кои населените места Раштани и Бузалково добиваат нов водоснабдителен систем. „Овој проект го договаравме со градоначалникот Коцевски претходно и денес на наше обострано задоволство присутни сме на неговата реализција. Како министерство се заложивме и работиме…

[Повик за номинации] Награда за младинско учество

Во тек е отворениот повик за номинации за Наградата за младинско учество, која се доделува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Наградата за младинско учество се доделува на успешни млади (на возраст 18-29), неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и младински организации кои имаат предизвикано позитивни општествени промени преку акции…

Дезинфекција на површини пред избирачки места

Денес, во претпладневните часови, непосредно пред изборниот ден за одржување на предвремените парламентарни избори 2020, од страна на службите на ЈКП „Дервен“ и ТППЕ – Велес, беше извршена дезинфекција на претпросторите и отворените површини пред избирачките  места. Создавањето безбедни услови за јавното здравје преку дезинфекција пред гласачките места во Општина Велес  продолжува и во текот…