Во тек пролетна дератизација на Велес

На 11 мај (среда) 2022 година, во раните утрински часови започна со спроведување на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Велес…

ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО СИТЕ ДЕЛОВИ НА ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Градоначалникот Марко Колев денес беше на улицата Даме Груев на увид во градежните активности, каде во тек е бетонирање, откако претходно беше заменета водоводната мрежа. И во наредниот период продолжуваме со интензивна работа со цел подобрување на инфраструктурата во градот. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!

ПРОЛЕТНА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес ја известува јавноста дека од 11 мај 2022 година, во зависност од временските услови, ќе  започне со…

ВЕЛЕШКАТА МЛАДИНА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕВРОПА 9 МАЈ

Во организација на Општина Велес, младите велешани на средба со своите врсници, претставници на Европска куќа од Крива Паланка го одбележаа Денот на Европа 9 Мај. Во опуштена атмосфера во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, разговараа на теми поврзани со значењето на Европската куќа во својот град како и за можностите кои таа им…

СО НАЈМАЛИТЕ ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

9 Мај е денот кога се обединуваат два важни историски настани – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Оваа година овој ден го одбележавме со најмалите! Дечињата од големата група од Објектот 2 “Сонце” при ОЈУДГ “Димче Мирчев” денес дојдоа во посета на Општина Велес, каде ни ги претставија земјите членки на…

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 02/2022 за унапредување на административни службеници во Општина Велес

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 14/20 и 215/21), член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на…

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС Е ВО ВЕЛЕС !

Во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ) а под домаќинската палка на ССОУ “Димитрија Чуповски” од Велес, ученици од 47 средни стручни училишта денес во Велес ги мерат своите сили во знаење, таленти и вештини. Натпревари во повеќе стручни категории, шоу на таленти, модни ревии, технолошки иновации, медицински лица, спортски…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ- “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Oпштина Велес се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија, Пивара и ПАКОМАК Скопје, која ќе се одржи на 06 и 07 мај. Организаторот има цел за секои 10 килограми…

5 МАЈ ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, 5 Мај. Јазикот е најголемото културно и историско богатство на една нација со кој се идентификува и издвојува од другите народи. Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик.

Р Е Ш Е Н И Е за избор на Директор на Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“- Велес

Врз основа  на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”  5/02), член 19-а став 4 и член 23 од Законот за јавните претпријатија (“Службен весник на РМ” бр. 38/96, 06/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13,  41/14, 138/14, 25/15, 61/15 , 39/16, 64/18 и 35/19 и…