ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КОЛЕКТИВНИТЕ СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ

По јавната објава од Општина Велес во врска со донесениот заклучок од седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Општина Велес ја известува јавноста дека фирмите – управители на зградите во Велес континуирано спроведуваат дезинфицирање на заедничките простории во сите колективни станбеници единици – згради со коишто истите управуваат. Во координација со сопствениците на…

СООПШТЕНИЕ ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

ЈКП „Дервен” ги известува граѓаните кои живеат во Реон 2, односно на улиците „Благој Ѓорев”, „Мицко Козар”, „Васил Главинов”, „Гемиџиска”, „Оливер Китановски”, „Кумановска”, „Панко Брашнар”, „АСНОМ”, „Васа Кошулчева”, „Крсте Мисирков”, „Тодор Х. Офицерчето”, „Христо Узунов”, „Осма велешка бригада”, „Лазо Осмаков”, „Димитар Влахов”, „Браќа Капчеви”, „Вардарска”, „Тодорче Николовски”, „Орце Мартинов”, „Димко Најдов”, „Славе Петков”, „Рилски Конгрес”,…

ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС НАМЕНЕТА ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ – МАРКЕТИ

Почитувани, Општина Велес ги известува, а воедно и повикува сите економски оператори-маркети на територијата на Општина Велес,кои можат да извршат достава само на најнеопходни намирници за итни и неодложни потреби на граѓаните за време на полицискиот час, да се пријават во Општина Велес. Истите мора да достават / испратат барање за добивање на дозвола за…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ МЕДИЦИНСКА ЗАШТИТНА ОПРЕМА

Со цел превенција и спречување на ширењето на Covid-19 (коронавирус), Општина Велес изврши набавка на медицинска заштитна опрема (повеќенаменски скафандери и заштитни маски, како и  заштитни ракавици). Во текот на денот, заштитната опрема беше дистрибуирана до здравствените установи во општината, ЈЗУ Општа болница, Велес, ЈЗУ Здравен дом и Центар за јавно здравје во Велес.

„ЈУ-КА” ДООЕЛ – ВЕЛЕС ДОНИРАШЕ ИЛЈАДА ЗАШТИТНИ МАСКИ

Велешката компанија за производство на заштитна и работна облека, „ЈУ-КА” ДООЕЛ – Велес, денес донираше илјада заштитни маски на Општина Велес, кои во текот на денот беа дистрибуирани до здравствените институции во градот. Општина Велес упатува апел до сите општествено одговорни компании да ги следат овие позитивни примери и да се приклучат кон акцијата за…

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Во просториите на Општина Велес, денес, во проширен состав се одржа шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со согледувањето на статусот на веќе донесените мерки и активности за заштита од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и донесување на нови. На седницата беа донесени следните заклучоци: Се задолжува ЈКП Дервен…

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес во соработка со припадниците на МВР СВР – Велес ги интензивираат мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните. За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот. Оваа активност започна во текот…

ИСЧИСТЕНИ ДИВА ДЕПОНИЈА И АТМОСФЕРСКИ КАНАЛ

Согласно Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес, општината во соработка со ЈКП „Дервен” денес започнаа активности за чистење на дивата депонија во месноста Рамина, како и чистење на атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов”. Откако ќе заврши чистењето, ќе следуваат активности за перење и дезинфицирање на просторот. И покрај лошите…

ФЛАШИРАНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И КАНИСТЕР СО ВОДА ЗА ТЕХНИЧКА УПОТРЕБА ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СОПОТ

Поради неисправноста на водата за пиење од природната чешма во село Сопот, а со цел задоволување на потребите за вода на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбеди достава на вода со канистер за техничка употреба и флаширана вода за пиење. Ова е заклучокот од Седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина…