ПОВИК ДО ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Се повикуваат сите заинтересирани жени да се пријават на јавниот повик за ангажирање на Амбасадорки – жени претприемачи, објавен од страна на „Националната платформа за женско претприемништво“ кофинансиран од Европска Унија. Секоја заинтересирана жена со својот личен позитивен инспиративен пример кој го промовира и поттикнува претприемачкиот дух и капацитетите на младите жени може да аплицира…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

На 17 март секоја година се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Денес, ден порано во организација на Црвениот Крст – Велес се одржа настан за истакнување на значајноста на овој ден. Од име на Општина Велес пред присутните се обрати заменик – градоначалникот Коста Нојков кој истакна дека велешани се познати по својата хуманост, поради…

И ОВАА СРЕДА ОПШТИНАТА ОТВОРЕНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Едно од предизборните ветувања на градоначалникот Марко Колев беше отворена општина, достапна за сите. Непосредната комуникација со граѓаните кои ја дадоа довербата на градоначалникот Колев е пракса која продолжи и оваа среда. Секој со својата приказна, секој со својот проблем, зашто секој од нас е еднакво важен. Само со заеднички заложби ќе го направиме Велес…

ОТВОРЕН ДЕН СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС, ЗОРАН ЉУТКОВ

Почитувани, Ве известувам дека и овој понеделник 21 Март ќе имам „Отворен ден“ за средба со жители, здруженија на граѓани, установи, институции и други правни лица кои со конструктивни предлози ќе придонесат во подобрување на работата на локалната самоуправа. Ве поканувам присуството да го закажете на следниот телефонски број: 076/351-674 лице за контакт: Сања Карабатова…

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ, 80 ГОДИНИ ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Гимназијата „Кочо Рацин“ со поддршка на Општина Велес денеска го одбележа големиот јубилеј, 80 години од штрајкот на велешките гимназијалци. На овој историски датум, 14 март, врежан во колективната меморија на македонскиот народ, особено на велешани, пред 80 години, велешките гимназијалци го кренаа гласот против воведувањето на бугарскиот како мајчин јазик  во наставата и против…

КООРДИНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПОЧИСТ И ПОУБАВ ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ

Во текот на изминатите десетина дена заедно со службите на ЈКП Дервен: – Исчистени се диви депонии на улиците Никола Карев, Благој Кирков, Петре Прличко и 8ма Велешка бригада, влезовите на гаражите под плочникот на ул.11 Октомври, под градските гробишта кај с.Раштани и каналот кај Потокот во два наврати – Генерално чистење на улиците Илинденска,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Поради временските неприлики од утрово, денеска, 11.03.2022 година, нема да се изведуваат градежни работи на улица „Архиепископ Михаил“, поточно спојот со улица „Љубен Весов“ до спој со улица „Коле Неделковски“ (кај јаворот). Бетонирањето на плочата од улицата е поместено за утре, сабота, 12.03.2022 година. Поради градежните зафати, улицата ќе биде затворена за сообраќај во период…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во петок, 11.03.2022 година, ќе биде затворен  за сообраќај дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и тоа од спој со улица „Љубен Весов“ до спој со улица „Коле Неделковски“ (кај јаворот ) поради изведување на градежни работи, бетонирање на плочата од улицата. Улицата ќе биде затворена за сообраќај во период од 10:00  до 12:00 часот со…

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Во рамки на отпочнатите активности од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на нов просторен план на Република Македонија денес во Општина Велес се одржа работна средба со заменик министерката, д-р. Христина Оџаклиеска, советот на Центар за развој на Вардарски плански регион и работната група за следење, водење и насочување…