Одбележани 117 години од Солунските атентати

„Се арчиме за Македонија“. Оваа моќна реченица вградена во колективната свест на македонскиот народ одекнува како потсетник дека Велес е еден од градовите каде македонската авангарда ги испишала страниците на историјата со револуционерни подвизи, интелектуална мисла и надчовечки хероизам. По повод 117 години од историскиот 28 Април, 1903 година кога започнаа акциите на Гемиџиите во…

ФИНАНСИСКИ УСПЕШНА 2019 ГОДИНА

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за компаративните показатели околу финансиското работење на општината. „Со задоволство можам да кажам дека 2019 година ја завршивме многу поуспешно во споредба со минатите години”, изјави Коцевски. „На крајот од годината префрливме скоро 31.000.000,00 денари непотрошени средства, вратени се сите долгови кон…

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ОФИЦИРСКИОТ ДОМ И КИНОТО

„Утре (14 февруари) завршува постапката за поднесување најповолни понуди од страна на заинтересираните субјекти за избор на најповолен понудувач за склопување на јавно приватно партнерство помеѓу Општина Велес и заинтересираните страни за стопанисување со поранешниот официрски дом, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. „Во текот на утрешниот ден ќе знаеме…

САНАЦИЈА НА СВЛЕЧИШТЕТО „ЦУЦКА”

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги заврши сите постапки, а од Министерството за внатрешни работи е добиена сообраќајна согласност за воведување во работа на изведувачот и започнување на градежните работи за санација на свлечиштето „Цуцка”, како и изградба на потпорен ѕид на регионалниот пат Велес – Градско, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на…

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФОРМИРАЊЕ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО КАКО ПОСЕБЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцвски најави дека ќе поднесе иницијатива за отпочнување на постапка за формирање на нов правен субјект, односно општинско основно училиште во селото Бузалково. „По претходно добиени иницијативи, извршени консултации и по изготвување на соодветна анализа одличив на Советот на Општина Велес да му поднесам иницијатива за…

ЖЕНСКО Е ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО ВЕЛЕС ВО 2020 ГОДИНА

Утринава на 2 јануари 2020 година, во 09:08 часот, Марија Иванова ја донесе на свет, Изабела – првото новороденче во Велес во 2020 година. Бебето е тешко 3420 грама, а долго 52 см. Ова е втора рожба на Марија. Традиционално, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски го посети првороденото дете во Велес и неговите родители…

Мониторинг станицата Велес 2 повторно ги мери PM10 честичките

Општина Велес ги известува граѓаните дека од денес 18.12.2019г. мониторинг станицата Велес 2 лоцирана во населба Тунел, а која е дел од Државниот мониторинг систем започна да ги мери PM10 честичките во амбиентниот воздух. Инструментот за мерење на суспендирани честички за PM10 беше во дефект од 11.07.2018г. до денес. По бројните реакции на јавноста и…

КОЦЕВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На деветтата Седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше повторно избран за Претседател на Советот. Меѓудругото Советот донесе и предлог Одлука за Усвојување на Годишна листа за предлог проекти за развој на Вардарскиот плански регион за 2020 година, финансирани од страна на Министерството за локална…

ВЕЛЕС ТРЧА ВО ЧЕСТ НА 9 НОЕМВРИ-АТЛЕТСКИ ПОЛУМАРАТОН 2019

Денес,традиционално по 4ти пат од неговото основање се одржа Велешкиот атлетски полумаратон на кој зедоа учество повеќе атлетски клубови и рекреативци од земјава. Најуспешни беа следниве натпреварувачки и натпреврувачи: Полумаратон – мажи1.Трајче Илиевски2.Никола Павлов3.Александар Петров Полумаратон – жени1.Марија Пеликон2.Ангелина Панова3.Клементина Темелковска 5км – мажи1.Игор Стојановски2.Дарко Темелковски3.Верољуб Додевски 5км – жени1.Фросина Јордановска2.Оливера Ѓорѓиева3.Билјана Иванова Настанот го…

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВ ПАРК ВО ВЕЛЕС

По повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес, денес беше пуштен во употреба новоизградениот парк во Комплекс УЗУС.Граѓаните од овој комплекс на згради добија нов парк. Паркот се простира на површина од 6000 м2, хортикултурно уреден, со изградена нова пешачка патека во должина од 370 метри и внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставено…