Известување за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за Г2-лесна и незагадувачка индустрија на дел од КП 1877 КО Оризари-вон град, Општина Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други…

ОБУКИ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС

Во текот на учебната 2020 / 2021 година во општинските основни и средни училишта на теритотијата на Општина Велес ќе се одржат едукативни работилници и предавања наменети за учениците, наставниците, но и за вработените во општинската администрација на тема влијанието на интернетот, односно сајбер безбедноста. Ова беа темите на разговор на денешната работна средба помеѓу…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – ТРЕТОРАНГИРАНА НА КОНКУРСОТ ЗА „НАЈЕКО ОПШТИНА” НА ПАКОМАК И ШПАРКАСЕ БАНКА

Општина Велес е треторангирана на конкурсот за „НајЕко општина” за 2019 година на „Пакомак” и Шпаркасе банка, додека пак Општините Берово и Кавадарци се прво и второрангирани. Овие три општини покажале најдобри резултати во трите категории врз основа на кои жири комисијата го вреднувала еколошкиот придонес на секоја од општините, според строгите критериуми: по бројот…

ДОНАЦИЈА ОД „КАМ” ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Компанијата „КАМ” ДОО Скопје денес донираше осумдесет пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена, во вкупна вредност од 75.120, 00 денари со вклучен ДДВ наменети за социјално загрозените семејства од Општина Велес. Станува збор за самоиницијативна, хуманитарна донација од „КАМ” ДОО Скопје во форма на материјални добра наменета за социјално ранливите семејства од…

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Велес, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од…

ПО ЕДИНАЕСЕТТИ ПАТ, ВЕЛЕШКА ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес, вечерва настапија пред велешката публика и љубителите на пишаниот збор во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Велешката поетска вечер со писатели, гости од целата држава, кои се членови на поетски друштва се одржува традиционално секоја година во…

„МУЗИЧКИ ЕТАЛОНИ НА НАРОДНАТА МУЗИКА” ДЕЛ ОД ВЕЛЕШКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО

Членовите на „Балкански музички центар – Македонија” вечерва настапија со етно концертот „Музички еталони на народната музика” во Ликовниот салон во Велес како дел од прогрмата на Велешкото културно лето  „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Концертот е авторски проект на Оркестарот за народна музика „Зора” при Здружението „Балкански музички центар – Македонија”, со седиште…

„ПЕСНИ И ЗВУЦИ ОД ЧУДНАТА ШУМА” – ПОЕТСКО-МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС НА „ВИС ТРКАЛЕЗНА МАСА” ВО ВЕЛЕС

Велешката публика вечерва имаше можност да ужива во извонредниот поетско-музички перформанс на групата „ВИС Тркалезна маса”, „Песни и звуци од чудната шума”. Настанот кој се одржа во Ликовниот салон во Велес е дел од програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на…

КОНЦЕРТ НА ВЕЛЕШКИОТ ГРАДСКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва во Ликовниот салон во Велес се одржа концертот на Градскиот камерен оркестар насловен „Сербез класика“. Со познати музички дела од Бокерини, Шостакович, Гершвин, Гардел и други, како и со македонски антологиски песни со потекло од Велес, настапија солистите Вероника Караколева, проф.…