151 ГОДИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денеска се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја, учител, визионер, и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20.век. Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК 21 ДЕКЕМВРИ

Почитувани сограѓани од турската заедница, Општина Велес Ви го честита Денот на наставата на турски јазик, 21 Декември. Употребата на мајчин јазик во образовниот процес и во секојдневниот живот е најголемата придобивка на човештвото. Можноста за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик е вредност која придонесува за културниот развој на заедницата. Велес е…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 ДЕКЕМВРИ, СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Денес се одбележува големиот христијански празник Свети Климент Охридски, просветител и ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, Климент Охридски има огромен придонес кон светската наука и култура. Општина Велес им го честита празникот на граѓаните и порачува во духот на нашите просветители да бидеме солидарни,…

3 ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

На денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, да се потсетиме на потешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе, и нивните потреби во остварување на правата за инклузивност во општеството. Луѓето со попречености треба да ги уживаат поддеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Почитувани граѓани, Општина Велес Ви го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Овој историски ден не потсетува на храбрата организирана борба на македонскиот народ за слобода и создавање на сопствена држава. Никогаш да не дозволиме заборав на сите знајни и незнајни борци кои се жртвуваа за слободна и независна македонска држава. Следејќи го…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Почитувани граѓани, Општина Велес Ви го честита Денот на народното востание, 11 Октомври, еден од најголемите државни празници кој македонскиот народ со гордост го слави и негува. На денешен ден се навршуваат 81 година од славното историско народно востание со кое се извојувала не само национална и социјална слобода туку и сопствена држава. На нас…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ 5 ОКТОМВРИ

Општина Велес им го честита Меѓународниот ден на учителите 5 Октомври, на сите просветни работници и им посакува успех во најблагородната професија. Почитувани наставници, продолжете посветено и одговорно да градите нови генерации, да ги едуцирате и насочувате кон вистинските вредности, покажете им го правилниот пат и помогнете им да откријат повеќе за себе и за…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 28 СЕПТЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ

Почитувани сограѓани од бошњачката заедница, Со голема благодарност за вашиот придонес во развојот на Велес, во името на сите граѓани на Велес, Општина Велес ви го честита 28 Септември, Меѓунaродниот ден на Бошњаците и ви посакува многу здравје, успех и благосостојба. Општина Велес ќе продолжи и во иднина да ја негува културната традиција на градење…

ОДБЕЛЕЖАН 18 АВГУСТ, ДЕНОТ НА АРМИЈАТА!

Во чест на овој ден градоначалникот Марко Колев присуствуваше на свеченоста во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде го одбележавме 18 Август, Денот на армијата! Армијата е вистинското благородништво на државата. Храброст, посветеност и пожртвуваност да бидат одлика преку која ќе не препознаваат и вреднуваат. Честит Ден на армијата! Да живее армијата! Да живее Република Македонија!

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ, 23 Мај

23 Мај Национален ден на Власите, народ кој остави големи траги во градењето на македонската држава. Влашката заедница е составен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции кои се пренесуваат од генерациии на генерации. Да ги надминеме разликите и предрасудите и сите заедно да работиме на афирмација на нашата богата култура…