ОСВРТ НА РАБОТЕЊЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2020 ГОДИНА

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани велешанки и велешани, дами и господа Вообичаено на крајот на годината правиме анализи, даваме оценки за тоа што и колку сме оствариле од тоа што сме го планирале како на личен така и на деловен план. Ги дефинираме нашите визии и цели, ги правиме нашите планови за следната година и…

Стоп за родово базираното насилство – Кампањата трае 16 денови, борбата цела година

Општина Велес, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес и Организација на жени Велес преку кампањата „16 денови активизам“ годинава, со делење заштитни маски ја подигнуваа јавната свест против сите препознаени форми на насилство врз жени и девојчиња. Маските сo лого порака „стоп за насилството“ беа поделени во повеќе…

ВО ЧЕСТ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА НЕГОВИОТ ГРОБ

По повод 118 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов делегација од Општина Велес денеска положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Пантелејмон“. На тој начин му оддаде почит на ликот и херојскиот подвиг на овој велешки јунак, чиј живот завршува на 24 годишна возраст, кој сам си го одзема пукајќи…

Одлука за спроведување на стратегиска оцена – нас.Керамидна

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  15.12.2020 година  донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена За планскиот документ Изработка на Детален…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

Почитувани сограѓанки и сограѓани, припадници на турската заедница во Општина Велес, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 21 декември, Денот на наставата на турски јазик. Да се зборува и образува на мајчин јазик е право на секоја индивидуа во едно слободно демократско општество. Нема ништо подрагоцено…

КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ВО ЧЕСТ НА ЧЛЕНОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС АЉУШ АХМЕД

По повод смртта на членот на Советот на Општина Велес Аљуш Ахмед од Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска во просториите на Општина Велес (Голема сала) се одржа комеморативна седница. За животот и професијата на Ахмед, пред членовите на смејството и членовите на Советот на Општина Велес говореше Претседателот на Советот Ќирил…

Одлука за НЕ избор на директор по пат на Јавен конкурс 

Врз основа на член 23, став 4 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005…..120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019 и 267/20) и член 11 од Законот на музеите („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04…….39/16), а во врска со Јавниот конкурс бр. 08-4533/1, објавен на 26.11.2020 година…

СЕ ПОШУМИ УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ОПОЖАРЕНИОТ ПОЈАС НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

Над 200 граѓанки и граѓани на Велес денеска засадија 12 000 дрвца на есенската акција за пошумување на опожарениот појас крај Езеро Младост. Сложно и вредно работеа војници, пожарникари, акцијаши, службеници, советници и раководни лица, претставници на Граѓански здруженија, Општинска организација на Црвен крст, Шумско стопанство ,,Бабуна“ и други вљубеници на природата и здравата животна…

10 ДЕКЕМВРИ, ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани сограѓанки и сограѓани Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права. Секој човек има право на живот, слобода и сигурност. Секој човек е еднаков пред Законот. Секој човек има право на слобода на движење, слобода на изразување и мислење. Секој човек има…

Акција за пошумување на опожарениот дел на Езерото Младост

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро Младост која ќе се реализира на 12 декември 2020 година (сабота), на површина од 10 хектари. За таа цел Општината обезбеди 12 000 садници.  Во акцијата ќе земат учество: вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани.…