НАЈМЛАДИТЕ ВО ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖАА 1 АПРИЛ, ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Изостана најинспиративното и највеселото дефиле за 1 Април, денот на шегата, низ улиците на Велес, но не изостана насмевката кај најмалите наши сограѓани кои преправени во маските на своите омилени ликови од цртните и природата донесоа радост на дождливиот пролетен ден. Сите во своите објекти, децата од градинката „Димче Мирчев“ и основните училишта, облечени во…

ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР ОД 4 ДО 9 АПРИЛ

Во пресрет на Велигденски празници Општина Велес организира Велигденски базар. На тезгите пред Панини, велешките ракотворци ќе ги изложат своите рачни изработки. Граѓаните ќе имаат можност да си купат прекрасно изработени уникатни велигденски изработки. Базарот ќе се одржи од 4 до 8 април, а на 9 април со сојата креативност ќе се претстават градинките и…

ВИКЕНДОВ ДВЕ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ ОД ЈУБИЛЕЈНИОТ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

Викендов Велес беше центарот на тетараската уметност, стартуваше јубилејното издание на театарскиот фестивал „5ре“ за чии претстави се бараше билет повеќе. На отворањето на фестивалот во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко беше доделена истоимената награда за животно дело на актерот Атила Клинче за својот долгогодишен творечки опус како актер и професор. Тој…

СТАРТУВА ПЕТТОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

На светскиот ден на театарот, 27 Март, Велес е центар на културните збиднувања. Стартува петтото издание на театарскиот фестивал „5ре“. На сцената на велешкиот театар вечерва премиерно ќе се одигра претставата „Тестостерон“, во режија на Синиша Ефтимов. Претставата, во изведба на велешките актери ќе се одигра и утре на 28 март. Во рамки на фестивалот…

АТИЛА КЛИНЧЕ ДОБИТНИК НА АКТЕРСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Актерот Атила Клинче е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година. Ваква одлука донесе жири комисијата составена од актерите Васил Зафирлев, Слободанка Чичевска и Благојчо Стојанов. Актерот Атила Клинче е еден од најистакнатите македонски актери  со одиграни голем број на улоги од домашната драматургија и светската класика. Неговиот актерски опус вклучува…

АПРИЛИЈАДА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава организира настан за одбележување на Денот на шегата, 1 Април. На манифестацијата централно место ќе заземат децата од градинките и учениците од основните училишта кои со своите креативни маски ќе продефилираат низ улиците во градот  и ќе направат весела атмосфера. Априлијадата продолжува во Амфитеатарот во Младински парк во 11:00 часот каде…

МЛАДИТЕ И СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС – СИМУЛАЦИЈА НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПТШИНА ВЕЛЕС

Како продолжение од минатиот месец кога се одржа првиот дел од овој настан за млади, Општина Велес во соработка со Europe house и Младински центар Велес, денес го одржа вториот дел, односно симулација на седница на Советот на Општина Велес. Членовите на Локалниот младински совет, во улогите на претседател на Советот на Општина Велес, градоначалник…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО 17 МАРТ

На 17 март се одбележа  Светскиот ден на крводарителството. Во организација на Црвениот Крст – Велес се одржа настан за истакнување на значајноста на овој ден, на кој се доделија признанија за најхуманите дарители кои во текот на 2025 година со одбележани 50, 75 и 100 дарувања на крв. На настанот присуствуваше градоначалникот Марко Колев…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Денеска се одбележа 157 годишнината од раѓањето на Васил Главинов. По тој повод, делегација на Општина Велес, АРМ и други институции положија свежо цвеќе пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште што го носи неговото име. Васил Главинов е истакнат велешки револуционер и поборник за работничките права. Основач е на првото просветно…

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите 15ти март , во просториите на Општина Велес на ден 16.03.2026 година се одржа настан-отворен ден „Вашите права, нашата грижа“ посветен на подигнување на свеста за правата и заштитата на потрошувачите. Настанот беше организиран  на иницијатива на Советот на потрошувачи,чија цел е активно да придонесува кон унапредување на…