ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА,7 МАЈ

Министерството за внатрешни работи, утре (сабота) 30.04.2022 година, во Младински парк со почеток во 12:30 часот ќе одржи активности со кои ќе го одбележи Денот на полицијата, 7 мај. На просторот во Младински парк ќе биде изложена полициска опрема со која граѓаните а особено помладите ќе можат поблиску да се запознаат со работата на полициските…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КОМАНДАТА ЗА ОБУКА И ДОКТРИНИ

Денес, 15 Април, се одбележува Ден на Командата за Обука и Доктрини, за која цел градоначалникот Марко Колев присуствуваше на свечена церемонија во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ на која беа доделени плакети, признанија и благодарници на најзаслужните припадници на армијата, институции, како и на ученици за учество во ликовен и литера турен конкурс. Благодарница…

ДЕТСКИОТ ЏАГОР ПОВТОРНО ЈА РАЗВЕСЕЛИ ОПШТИНАТА !

Учениците од четврто одделение од ООУ „Васил Главинов“ денес се запознаа со работата на градоначалникот Марко Колев и на Советот. Весели, креативни и по малку срамежливи, ги кажаа своите прашања и очекувања од градоначалникот. Децата се нашето богатство. Она што секојдневно го градиме и на што градоначалникот Колев е посветен е токму за нивната иднина…

„САКАЈ ГО ВЕЛЕС“

Велес е најубав кога е чист! Со таква мисла денес, на првиот ден на пролетта, ја започнавме еко-акцијата во која градоначалникот Марко Колев зема учество заедно со вработени од општинската администрација и јавното комунално претпријатие Дервен, советниците од Општина Велес, ученици од основните и средните училишта, Општинската организација на Црвен крст, претставници од градинката „Димче…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

На 17 март секоја година се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Денес, ден порано во организација на Црвениот Крст – Велес се одржа настан за истакнување на значајноста на овој ден. Од име на Општина Велес пред присутните се обрати заменик – градоначалникот Коста Нојков кој истакна дека велешани се познати по својата хуманост, поради…

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ, 80 ГОДИНИ ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Гимназијата „Кочо Рацин“ со поддршка на Општина Велес денеска го одбележа големиот јубилеј, 80 години од штрајкот на велешките гимназијалци. На овој историски датум, 14 март, врежан во колективната меморија на македонскиот народ, особено на велешани, пред 80 години, велешките гимназијалци го кренаа гласот против воведувањето на бугарскиот како мајчин јазик  во наставата и против…

УЧЕНИЦИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Денес во посета на Општината заедно со нивната наставничка дојдоа учениците од III-2 одделение од ООУ „Васил Главинов“. Како дел од наставната програма се запознаа со работата на Советот и градоначалникот и ги посетија некои од просториите во кои се одвива нашата работа. Умните ученици дојдоа подготвени со прашања за градоначалникот Марко Колев и неговата…

ОДБЕЛЕЖАН ПРВИОТ САМОСТОЕН ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ОУ „ЛИРИЈА“ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО

Градоначалникот Марко Колев на покана на директорот на ОУ „Лирија“ во с.Бузалково денес присуствуваше на одбележување на првиот самостоен патронен празник на училиштето. Градоначалникот Колев ги поздрави присутните гости и во име на директорот им додели благодарници на заслужните наставници. ОУ „Лирија“ во с.Бузалково кое од формирањето во 1945 година до 70тите години работи како…

ОДБЕЛЕЖАНА 79 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

Општина Велес ја одбележа годишнината од загинувањето на Благој Страчковски. Денес се навршуваат 79 години од бруталното убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред. Во чест и спомен на Благој Страчковски, делегација на Општина Велес, членови на неговото семејство како и претставници на Републичкиот Универзитет што го носи неговото име, положија свежо…

ОДРЖАН НОВОГОДИШЕН БАЗАР ПРЕД ТЕАТАР ЏИНОТ

Пред платото на театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот  денеска се одржа хуманитарен Новогодишен базар организиран од Општина Велес. На тезгите беа изложени рачно изработени новогодишни украси и честитки од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, од најмалите од Детската градинка „Димче Мирчев“ и од учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“.…