ВО ЗНАКОТ НА ХУМАНОСТА ЗАВРШИЈА 61. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Со доделување на Почесното Рациново прознание, Поетски митинг и хуманитарен концерт, вчеравечер завршија 61 Рацинови средби во Велес. Почесното Рациново годинава го доби Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија за значаен придонес во афирмација на македонскиот јазик и култура, надвор од државата. Признанието на Цинеге Панзова и го додели градоначалникот Марко Колев, а таа се заблагодари…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ДАНКА ФИРФОВА СЕВЕРОВА

Денеска се одбележува 21 годишнина од смртта на велешанката Данка Фирфова Северова, една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија. Во чест и спомен на Данка, ученици на ООМУ „Стефан Гајдов“ изведоа класични композиции на своите инструменти. Пред присутните гости настапи и сопранот Магдалена Тодоровска која со својот музички колаж приреди вистинско уживање. Данка…

XXIV ВАРДАРСКА РЕГАТА ЗАПЛОВИ ОД МАЛО МОВЧЕ

Заплови 24 Вардарска регата до Солун. Педесетина учесници во организација на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, утрово тргнаа од Мало мовче и шест дена ќе пловат низ Вардар, до крајната дестинација. За прв пат годинава ќе пловат до Солун, следејќи го трговскиот и револуционерниот пат на Гемиџиите. Градоначалникот Марко Колев ги испрати и им посака успешна…

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ 61.РАЦИНОВИ СРЕДБИ

На Спомен костурницата вчеравечер свечено беа отворени шеесет и првите Рацинови средби кои годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија.“ Пред присутните гости се обрати градоначалникот Марко Колев кој истакна дека велешани со гордост го носат името на негови наследници. „Од ова место, споменикот кој ги чува Рациновите коски и го варди нашиот…

XXIV ВАРДАРСКА РЕГАТА ЌЕ ПЛОВИ ДО СОЛУН

Дваесет и четвртата Вардарска регата ќе плови до Солун. Во четврток, на 20 јуни, со почеток во 08:30 часот, од Мало Мовче ќе заплови регатата во чест на солунските атентатори. Учесниците на регатата ќе бидат предводени од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, кои пред да го започнат своето патешествие по водите на Вардар ќе положат свежо…

ВЕЛЕС ВИКЕНДОВ ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Викендов во Велес за прв пат се одржа Светски куп во кајак и кану на Меѓународната кајакарска федерација.  Граѓаните имаа можност да бидат сведоци на професионални спустови на диви води и да уживаат во прекрасната глетка. На купот учествуваа околу 200 учесници од 17 држави и се натпреваруваа во шест дисциплини во машка и женска…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА КОЧО РАЦИН НА ЛОПУШНИК

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на местото на погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. На Лопушник денеска се одбележа 81 годишнината од смртта на творецот на „Бели мугри“. Пред споменикот подигнат во чест на поетот се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Повеќе од 230 учесници од 17 земји во светот викендов ќе се натпреваруваат во двете кола од Светскиот куп во кајак спуст. На 15 и 16 јуни граѓаните ќе имаат можност да проследат професионални спустови на докажани имиња и повеќекратни освојувачи на светски и европски титули. Организатор на овој спектакуларен спортски настан е Кајак Кану…

УЛТРАМАРАТОНЦИ ТРЧААТ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на великанот, Коста Солев Рацин, утрово започна ултрамаратонот до Лопушник, местото на неговото погибје. Петмината маратонци Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски и  Данчо Ангеловски од Велес и кумановецот Љубиша Андреиќ, го започаа маратонот од споменикот на Кочо Рацин во дворот на Гимназијата. Тие треба да истрчаат 156 километри до четврток. Градоначалникот Марко…